Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 9

работници во Европа 3) , сексуалните работници имаат право на живот и слобода, право на заштита од дискриминација, право на приватност, на семеен живот, на законско напуштање и враќање во својата земја, на слобода од тортура, нехумано или понижувачко однесување и од неосновано приведување, и во полза на слободата на изразување, заштита од насилство, физички повреди, закани и заплашувања, информирање, здружување, движење, итн. Со Уставот на Република Северна Македонија на сите граѓани им е загарантирано правото на слободен избор, правото на здравствена и социјална заштита и сите граѓани се еднакви пред законот и институциите. Оттука, сексуалните работници треба да ги уживаат истите човекови права како и секој друг граѓанин на Република Северна Македонија. Сексуалните работници, независно од нивниот статус, имаат право на највисок достижен стандард на физичко и ментално здравје, вклучувајќи го и сексуалното и репродуктивно здравје. Пристапот до сеопфатно сексуално и репродуктивно здравје што подразбира услуги за превенција од ХИВ/СИДА, СПИ и општи здравствени услуги е суштинска компонента за здравјето на сексуалните работници базирано на нивните основни човекови права. Бројни социјални и структурни фактори негативно влијаат врз сексуалните работници и нивните човекови права, здравје и безбедност. Стигмата и целокупните прекршувања на човековите права имаат долгорочни импликации во однос на ризикот за пренос на ХИВ, бидејќи тие ги одвраќаат сексуалните работници од користење на здравствени услуги и значително ја попречуваат пристапноста кон ХИВ превенција, тестирање, лекување, нега и поддршка. Како резултат на тоа, сексуалните работници имаат ограничен пристап до пристапни, квалитетни здравствени услуги, сигурно образование за здравје и безбедност на работното место и програми за превенција од ХИВ кои се прилагодени на нивните потреби и очекувања. Во Република Северна Македонија, постои превентивна програма за ХИВ на Министерството за здравство во соработка со граѓанските организации, која има за цел да ја одржува ниската преваленца на ХИВ кај клучните популации и да овозможи квалитетен пристап и третман за ХИВ и услуги за грижа и поддршка како дел од третманот за ХИВ. Меѓутоа, се уште постои страв кај заедницата на сексуалните работници за користење јавни здравствени услуги, а тоа е последица од стигмата и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група. Сексуалните работници немаат доверба во јавните здравствени установи, поради фактот што медицинскиот персонал не е доволно сензибилизиран и не ги разбира потребите на оваа маргинализирана група. Ова е една од многуте причини зошто сексуалните работници најчесто ги користат здравствените услуги кои се нудат преку невладиниот сектор. И покрај постоењето и функционирањето на превентивните програми за здравје, сеуште постои ниска свест кај сексуалните работници кои се вклучуваат во сексуалната работа. Потребно е да се зголеми информираноста и познавањата на оваа маргинализирана група за СРЗП и ХИВ/ СИДА. http://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2018/02/deklaracija2-1.pdf? fbclid=IwAR26p5BTRQhSKTFRRjNrmKo_BU6VwYZTOz1JtRBcDLNGLYeNKeP1cR7ALfI 3) 7