Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 8
1. Вовед
Сексуалната работа е непринудна продажба на сексуални услуги за пари или други
материјални добра, помеѓу согласни возрасни лица. Сексуалната работа подразбира
нудење сексуални услуги на отворена и затворена сцена и вклучува нудење ескорт
услуги, сексуални услуги преку телефон, порнографија, стриптиз, еротска масажа и
сексуални услуги преку интернет портали. Сексуален работник може да биде маж,
жена или трансродово лице. (Во понатамошниот текст, ќе се користи терминот
сексуални работници како родова неутралност, кој ги вклучува машките, женските и
трансродовите сексуални работници).
Во Република Северна Македонија не постојат конкретни закони за регулација на
сексуалната работа. Вршењето дејност поврзано со сексуалната работа се смета за
нарушување на јавниот ред и мир: „Кој се оддава на проституција, како и издава,
односно става на располагање простории за вршење на проституција ќе му се изрече
глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност 1) , додека некои
други активности поврзани со сексуалната работа (подведување, охрабрување,
заработување од посредување за сексуални услуги) се третираат и казнуваат како
кривични дела“ 2) . Ова се дел од низата селективни закони кои влијаат на дигнитетот
и човековите права на сексуалните работници, зголемување на насилството и
стигматизацијата, како и создавање недоверба кон самите институции.
Според извештајот од Биобихевиоралното истражување кај сексуалните работници
во Р.С. Македонија од 2014 година, поддржано од Глобалниот фонд за борба против
СИДА, туберколоза и маларија при Министерството за здравство во Република
Северна Македонија, проценката на бројноста на популацијата кај сексуални
работници во Македонија е 3588, меѓутоа тешко е да се одреди точниот број
сексуални работници во Северна Македонија кои работат на отворена (на улица) и
затворена сцена (апартмани, станови, хотели, мотели, салони за масажа, клубови
итн.).
Иако сексуалната работа има долга историја во скоро секоја култура и општество,
сексуалните работници не ретко се соочуваат со стигма, дискриминација,
малтретирање и насилство, од страна на општата јавност и институциите. Во
Република Северна Македонија, сексуалната работа не е призната како работа, што
често ги принудува сексуалните работници да работат тајно и да се кријат, да не
зборуваат отворено за својата работа, ниту со семејството, ниту со партнерите,
плашејќи се да не бидат откриени. Сексуалните работници се социјално исклучени,
истите се соочуваат со низа проблеми кои имаат негативно влијание врз нивниот
живот и работа. Лошата перцепција за сексуалната работа од страна на општеството
ги става сексуалните работници во голем ризик, скратувајќи им ја можноста на
сексуалните работници да ги уживаат своите права и слободи како и секој друг
граѓанин. Поради непостоењето прецизен закон за регулација на сексуалната работа
во Северна Македонија, како и нееднаквиот третман кон сексуалните работници од
страна на полицијата и државните институции, се загрозуваат и ограничуваат
човековите права на сексуалните работници. Согласно Меѓународното право за
заштита на човековите права и според Декларацијата на правата на сексуалните
1)
2)
6
Член 19 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир во Р.М
Член 191 од Кривичен законик на Р.М. 1996