Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 10
2. Која е намената на тренинг модулот и кои се неговите цели?
Тренинг модулот за сексуална работа, ХИВ и човекови права е наменет за користење
од страна на невладини организации, организации водени од заедницата на
сексуални работници, даватели на услуги наменети за сексуалните работници,
активисти за човекови права и поддржувачи. Овој тренинг модул може да биде од
интерес на оние кои носат одлуки и зстапувачи на правата на сексуалните работници.
Тренинг модулот е продукт на СТАР-СТАР како организација предводена од
заедницата на сексуални работници со поддршка од УНФПА – Фонд за население на
Обединетите нации.
Тренинг модулот е наменет да служи како алатка за организирање и водење на
едукативни работилници/обуки на заедницата на сексуални работници за прашања
поврзани со ранливоста на сексуалните работници во однос на ХИВ и прекршување
на човековите права. Како таков, овој тренинг модул има за цел да им даде можност
на поединечните сексуални работници и колективите на сексуални работници да го
збогатат своето знаење, да ги зајакнат своите вештини и да ги зголемат
капацитетите потребни за нивно ефикасно вклучување во процесот на
самозастапување, како и застапување на правото на здравје на локално, на
национално и меѓународно ниво. Се надеваме дека овој ресурс ќе и помогне на
заедницата на сексуални работници да ги идентификува и да ги елиминира пречките
во пристапот кон услугите поврзани со ХИВ и да обезбедат пристап до други
здравствени услуги поврзани со нивното сексуално и репродуктивно здравје. Овој
модул има за цел да им помогне на сексуалните работници во процесот на
самозастапување и промовирање на своите човекови права и ќе придонесе кон
полесен пристап до правдата во случај на повреди на нивните права, насилство,
малтретирање, со што ќе се превенира идно насилство и дискриминација.
Овој тренинг модул може да го користат давателите на услуги и сојузниците кои
сакаат да го поддржат учество на сексуалните работници при креирање,
спроведување, следење и евалуација на програмите за ХИВ, со цел да им се
овозможи на сексуалните работници полесен пристап до здравствена грижа.
Инклузијата на сексуалните работници би влијаела врз намалување на ризикот од
ХИВ и други СПИ (сексуално преносливи инфекции) и ќе придонесе до подобрување
на нивното здравје и живот.
Прирачникот за обуки е специјално дизајниран за сексуалните работници и
организации предводени од сексуални работници кои сакаат да се вклучат во
активизам и застапување за прашања поврзани со сексуалната работа, ХИВ и
човекови права. Служи како корисна алатка за:
8
–
Зголемување на видливоста на заедницата на сексуални работници;
–
Зајакнување на капацитетите на сексуалните работници за
самозастапување и лобирање за промена на законските регулативи кои
се однесуваат на сексуалната работа;
–
Проширување на знаењето на сексуалните работници за човековите
права, со посебен фокус на правото на здравје;