Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 11

– Мотивирање на сексуалните работници да пријавуваат случаи на насилство, непочитување и кршење на човековите права; – Подигнување на свеста кај сексуалните работници за ризиците поврзани со нивната работа и други социјални, структурни и економски фактори кои придонесуваат за ранливост на сексуалните работници при пренос на ХИВ и други СПИ; – Зголемување на знаењето на сексуалните работници за можностите за превенција, тестирање и третман поврзани со ХИВ; – Отстранување на пречките во пристапот на сексуалните работници кон услуги за ХИВ и СРЗП; – Градење на капацитетите на сексуалните работници за планирање и развивање интервенции поврзани со ХИВ за оваа маргинализирана група. 3. Како е развиен тренинг модулот за сексуална работа, ХИВ и човекови права? Како појдовна основа за развивање на овој тренинг модул е земена анализата на сегашната состојба на сексуалните работници во Република Северна Македонија, како и едни од најважните програми за сексуалните работници според видувањата на СТАР-СТАР, а тоа се програмата за застапување и лобирање која се однесува на застапување и лобирање за подобрување на социјалната средина и човековите права на сексуалните работници и програмата за здравје која се однесува на ХИВ/ СИДА и СРЗП (сексуално и репродуктивно здравје и права). Овие две програми имаат за цел да ги мапираат и соодветно адресираат здравствените потреби и грижи на сексуалните работници, да и овозможат на заедницата на сексуални работници да стекне знаење поврзано за ХИВ И СРЗП и други проблеми поврзани со работата, како и да ги идентификуваат пречките кои го компромитираат здравјето и безбедноста на сексуалните работници. Потоа, претходното богато искуство на тренинзи и обуки на претставници на СТАР-СТАР и целната група во процесот на организациското јакнење на организацијата низ годините како и многубројните едукативни работилници и тренинзи кои се реализирани од страна на СТАР-СТАР за Пиер едукација, зајакнување на капацитетите и вештините на заедницата на сексуални работници, за развој на активизмот, исто така претставува добра основа за развивање на овој тренинг модул. 9