Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 12

Од 2012 година, па се до денес, СТАР-СТАР има реализирано голем број едукативни работилници, обуки и семинари на национално и меѓународно ниво кои имаат дадено голем придонес во процесот на зајакнување на заедницата на сексуални работници. Како позначајни ги издвојуваме следниве: – Семинар за Теренска работа и Пиер едукација помеѓу сексуалните работници, одржан од 18.11 до 20. 11.2012 во Охрид со учество на 12 сексуални работници. – Семинар за Зајакнување на заедницата на сексуални работници, одржан од 09.12 до 11.12.2012 во Охрид, со учество на 13 сексуални работници. – Тренинг за зајакнување на заедницата на сексуалните работници и размена на искуства помеѓу активистичките движења од Србија и Северна Македонија, одржан од 12.05 до 14.05.2013 во Охрид, со учество на 12 сексуални работници од Северна Македонија и 2 сексуални работници, претставници на организацијата Слобода права од Србија. Слика бр.1: Тренинг за зајакнување на заедницата на сексуалните работници и размена на искуства помеѓу активистичките движења од Србија и Северна Македонија (од архивата на СТАР-СТАР) - Обука за доброволно ХИВ тестирање и советување, одржана од 28.10 до 31.10.2013 во Скопје, со учество на 12 сексуални работници. Преку оваа обука, 4 сексуални работници станаа советувачи за ДСТ (доброволно советување и тестирање) кои до ден денес се ангажирани преу сервисите за ДСТ низ земјата. 10