Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 75
Прилози
Пример 2 (за вежба 2 од Модул 3)
Случај бр. 2
Дневен весник подолг период објавува текстови со содржина со која луѓето со
хомосексуална ориентација се претставени како луѓе кои имаат психички проблеми
и растројства и имаат потреба од медицинска помош. Дел од текстовите се
посветени на заканата од ХИВ епидемија која, според авторот на текстот, лесно се
пренесува преку хомосексуалците. Кон текстовите се објавени и фотографии на
познати естрадни уметници, новинари и политичари за кои дневниот весник открива
дека се хомосексуалци.
Ова се извадоци од текстовите објавувани во дневниот весник.
" ..........Немам ништо против секој човек за пердашење да одбере партнер по своја
воља. Тоа е негова приватна работа. И, се додека е приватна, јас го штитам неговото
право на тоа. Но, штом од приватна сака да ми ја наметне за општо прифатено
правило, за стандард, јас се спротивставувам. Ако не за друго, затоа што педерите се
закана за човештвото. На кутијата цигари, како закана, пишува да го одбегнуваш
пушењето затоа што може да создаде стерилитет. Да те остави без деца. По таа
аналогија, секој педер треба да носи маица дека сексот со него може да ти донесе
СИДА и дека е апсолутна закана за наталитетот. Педерите, имено, не можат да
прават деца. Секој има право на јавен собир. Па и хомосексуалците. И никој нема
право да ги тепа заради тоа. Но, ако некој провоцира со наметнување на сопствената
интима врз туѓите нерви, тоа без конкуренција се педерите. Провоцираат ептен......"
1. Дали во овој случај се повредуваат човековите права? Ако да, чии права се
повредуваат?
2. Дали има дискриминација? Ако да, која е основата и видот (обликот) на
дискриминација?
3. Ако да, образложете зошто сметате дека се повредуваат човекови права?
4. Доколку сте Вие правен советник/чка што би преземале? До кои институции
би се обратиле за заштита?
5. Дали ваквите текстови се забранети со закон? Образложете
73