Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 74
Прилози
11.6. Прилог 6: 3 примери за случаи на прекршување на човековите права на
сексуалните работници
Пример 1 (за вежба 2 од Модул 3)
Случај бр. 1
Одејќи накај дома, пред вратата на зградата ме пресретнаа 3 лица и ги прашав: „Што
барате овде?“ и еден од нив почна да ме удира по вратот со боксови, а другите викаа
„педери да ве снема од тука“. Потоа јас влегов во станот и седев две минути, по што
земав лична карта за да одам во полициска станица. Само што излегов од врата ме
следеа со кола во правец на Полициска станица Беко. Се јавив на 192 и кажав дека ме
следат и ми кажаа од таму да одам во најблиската полициска станица, по што отидов
во Беко. Во Беко ме примија двајца службеници (еден во цивилно, а друг во
униформа). Им го опишав настанот и почнаа да ме навредуваат (ми викаа
криминалец), знаеја дека сум геј и сексуален работник и ми викаа: „Што мислиш ова
е Европа, за такви како вас нема место тука“, и ми викаа „педер“ и „курва“.Тогаш
побарав на шалтерот друг инспектор, но не ми одговорија ништо, туку дојде истиот
полициски службеник и ми кажа одма дојди во соба. Побарав и итна помош и ми
кажа дека не сум доволно повреден за да повикаат, а јас не се чувствував воопшто
добро. Јас им дадов телефонски број од другарот на напаѓачот, по што им се јавија и
лицето дојде во станицата. Он кажа дека не ме нападнал, на што одговорив дека со
него беше напаѓачот, а после ова полицискиот службеник му кажа да излезе надвор.
Полицаецот почна да ми се заканува дека ќе напише дека давам лажна изјава и ќе
покрене постапка против мене. По тоа морав да ја потпишам изјавата што он ја
диктираше, во записникот пишуваше дека не ме нападнал туку дека само вербално
ме вознемирувал. Бев принуден да ја потпишам изјавата под притисок на полицијата.
Ксенија е трансвеститка, сексуална работничка и работи на затворена сцена. Лицето
што ја нападнало пред зградата е поранешен клиент, кој постојано ја малтретира и ја
вознемирува.
1. Дали во случајот се повредени човекови права? Ако да, кои и зошто? Кој е
сторителот на повредата на правата?
2. Дали во случајот има дискриминација? Која е основата и обликот/видот на
дискриминација? Кој е сторител на дискриминација? Образложи!
3. Ако си ти правен советник/чка како би постапил/а? До кои институции би се
обратиле? Зошто?
72