Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 73

Прилози За организаторот: СТАР-СТАР претставува граѓанска иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници. Главни цели на организацијата се промовирање на сексуалната работа како и секоја друга професија, која претставува слободен избор и нема допирни точки со прашања поврзани со трговија со луѓе, потоа заштита и унапредување на правата на сексуалните работници во социјалниот, правниот и здравствениот систем во општеството, преку активна и блиска соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и медиумите на локално, национално и меѓународно ниво. СТАР-СТАР е невладина организација, која од 2012-та година активно работи на имплементација на Програмата за ХИВ превенција помеѓу сексуалните работници, со поддршка на Министерството за Здравство на Република Македонија. Марш на црвениот чадор, 17.12.2018 година (понеделник), 12.00 часот, Улица Македонија (Спомен Куќа на Мајка Тереза). Лице за контакт: Извршен директор на СТАР-СТАР 71