Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 72

Прилози СТАР-СТАР заедно со сексуалните работници, активистите и нивните поддржувачи се приклучува кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници со цел да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група. Со пораката: ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА СЕГА! ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедни услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација. Иницијативата за одбележување на овој ден доаѓа од д-р Ени Спринкл со една единствена цел – поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон. Убиецот изјавил: „Сакав да убијам колку што можев повеќе. Знаев дека никој нема веднаш да ги пријави за исчезнати, па дури можеби и никогаш нема да бидат пријавени. Собирав проститутки затоа што мислев дека можам да убијам колку што сакам од нив без да бидам фатен”. Гери Лајон Ридвеј беше осуден на доживотна казна затвор и му беше изречена парична казна во висина од 10,000 долари за секоја убиена жртва на 18-ти декември, 2003-та година. МАРШ НА ЦРВЕНИОТ ЧАДОР ПОНЕДЕЛНИК, 17-ТИ ДЕКЕМВРИ, 12:00 ЧАСОТ МЕСТО: НА ПЛАТОТО ПРЕД СПОМЕН КУЌАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА  Воедно, сакаме да Ви се заблагодариме за Вашата долгогодишна соработка, за безрезервната поддршка, етичкото и вистинското пренесување на суштинското значење на јавниот настан по повод одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници во македонскиот медиумски простор. Ви Благодариме 70