Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 71
Прилози
11.5. Прилог 5: Пример за Соопштение за медиуми
До: СРЕДСТВА ЗА ЈАВНА КОМУНИКАЦИЈА
Предмет: Соопштение за јавност по повод одбележување на 17-ти декември,
Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници
Почитувани претставници на медиумите,
Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на
сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамките на кампањата за одбележување на
17-ти декември, Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните
работници со големо задоволство Ве поканува на традиционалниот Марш на
црвениот чадор кој ќе се одржи во понеделник на 17-ти декември во 12 часот, пред
платото на спомен куќата на Мајка Тереза.
69