Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 62
Модул 3
60
–
Сите имаат право на живот. Ниеден живот не треба да биде ставен на
ризик поради бременост или породување.
–
Сите имаат право на слобода и безбедност. Ова право ја вклучува
слободата на секој да го контролира својот сексуален и репродуктивен
живот.
–
Сите имаат право на еднаквост и право да бидат ослободени од
секаква форма на дискриминација. Сите лица се раѓаат слободни и
еднакви. Никој не треба да биде дискриминиран врз основа на раса,
етничка припадност, боја, сиромаштија, пол или сексуална ориентација,
брачен статус, семејна положба, физичка или ментална попреченост,
возраст, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или
социјално потекло, имот, раѓање или друг статус.
–
Сите имаат право на приватност. Правото на приватност го вклучува
правото на секој да донесува автономни одлуки во врска со својот
сексуален и репродуктивен живот.
–
Сите имаат право на слобода на размислување. Сите лица имаат
право на барање, примање и пренесување на информации и едукација
поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје и права, вклучувајќи
го правото на користење на СРЗП услугите.
–
Сите имаат право на избор дали и кога да стапат во брак, да
основаат семејство и да имаат деца. Секој има право да избере кога и
дали сака да склучи брак, и да има деца, вклучувајќи го и правото на
избор на контрацепција и правото на избор дали ќе го дои своето дете
или не.
–
Сите имаат право на избор дали или кога да имаат деца. Сите лица
имаат право слободно и одговорно да одлучуваат за бројот и
возрасното растојание на своите деца, вклучувајќи го правото на одлука
дали или кога да имаат деца.
–
Сите имаат право на здравствена нега и заштита. Секој има право да
ги достигне највисоките можни стандарди за сексуално и репродуктивно
здравје, вклучувајќи го правото на избегнување на несакана бременост,
сексуално преносливи инфекции (СПИ) и ХИВ/СИДА и сексуално
насилство.
–
Сите имаат право на користење на придобивките од научните
истражувања. Секој има право на пристап до придобивките од сите
достапни технологии за репродуктивно здравје, вклучувајќи нови
методи на контрацепција, абортус и третмани за плодност, доколку овие
технологии се безбедни и прифатливи.
–
Сите имаат право на слобода на собирање и вклучување во
граѓански и политички организации. Секој има право да се вклучува во
невладини и владини организации за застапување и унапредување на
правата на сексуалното и репродуктивното здравје.
–
Сите имаат право на заштита од тортура и малтретирање. Секој има
право да биде ослободен од деградирачки третман, вклучувајќи го и
правото на добивање почит и грижа при пристапот до здравствените
услуги.
–
Сите имаат право на безбеден и пријатен сексуален живот. Секој има
право да има задоволувачки, безбеден и пријатен сексуален живот.