Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 61

Модул 3 кои се занимаваат со здравствени проблеми релевантни за нив. Покрај тоа, државите треба да обезбедат сигурно и поддржувачко опкружување за сексуалните работници, со што ќе се створат можности за такво значајно учество. Едно од најчестите прекршувања на правата на сексуалните работници се случува во областа на здравјето. Правото на здравје на сексуалните работници често се злоупотребува и во многу случаи сексуалните работници имаат тежок пристап до релевантните, сеопфатни или недискриминаторски здравствени или ХИВ услуги. Правото на највисок достапен стандард на здравје треба да биде основно право на секое човечко суштество и треба да вклучува пристап до навремена, достапна и прифатлива здравствена заштита со соодветен квалитет; често ова не е случај за сексуалните работници. 10.3. Сексуално и репродуктивно здравје и права (СРЗП) Правото на сексуално и репродуктивно здравје се заснова на правото на здравје, а истото е универзално и неприкосновано човеково право. СРЗП исто така се вкрстува со другите човекови права, на пример, правото да се биде ослободен од дискриминација, правото на приватност, правото да се биде ослободен од малтретирање и злоупотреба, правото на семејство и правото да се биде ослободен од сексуално насилство. Правото на сексуално и репродуктивно здравје подразбира дека луѓето можат да уживаат во взаемно задоволувачки и безбедни односи, ослободени од принуда или насилство и без страв од инфекција или бременост и дека можат да ја регулираат нивната плодност без негативни или опасни последици. Сексуалните и репродуктивните права ја обезбедуваат рамката во која може да се постигне сексуална и репродуктивна благосостојба. Правата за сексуално и репродуктивно здравје се јасно дефинирани во Програмата за акција на Меѓународната конференција за население и развој (МКНР) од 1994 година: • Доброволни, информирани и прифатливи услуги за планирање на семејството; • Пренатална грижа, услуги за безбедно мајчинство, асистирано раѓање од обучен персонал (на пример, лекар или акушер) и сеопфатна здравствена заштита на новороденчињата; • Превенција и лекување на сексуално преносливи инфекции (СПИ), вклучувајќи и ХИВ и СИДА, како и рак на грлото на матката; • Превенција и третман на насилството врз жените и девојките, вклучувајќи и тортура; • Безбедна и достапна грижа за абортус, каде што е легална, како и пристап до безбеден абортус и услуги; • Информации за сексуалното здравје, образование и советување, за подобрување на личните односи и квалитетот на животот. Врз основа на Повелбата на МФПР за сексуалните и репродуктивните права 8) , следува листа на 12 основни сексуални и репродуктивни права: 8) https://www.ippf.org/sites/default/files/ippf_charter_on_sexual_and_reproductive_rights_guidlines.pdf 59