Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 60

Модул 3 права кои сексуалните работници треба да ги имаат согласно меѓународните закони за човекови права и ги потеницира обврските на државите за да се осигураат дека: – не ги прекршуваат овие права; – дека другите не ги прекршуваат овие права; – дека сите државни структури се организирани на начин кој овозможува сите различни членови на општеството да уживаат и да ги применуваат своите права. Декларацијата е синтеза од сите права установени со меѓународни договори и повелби, кои треба да се почитуваат за сите луѓе, заедно со конкретни предлози до државите за чекори и политики со кои би се обезбедила заштита на овие права за сексуалните работници. Според Меѓународниот закон, основно човеково право е „еднаквост пред законот и правото, без дискриминација и на еднаква заштита со законот“. Сепак, постои основано сомневање дека сексуалните работници во Европа, во пракса, немаат еднаков пристап до законска заштита. Затоа сексуалните работници во Европа имаат силни причини да го избегнуваат судскиот систем во нивната борба против дискриминацијата, насилството и другите злоупотреби преку судовите. 10.2. Право на здравје Меѓународните договори кои датираат од Универзалната декларација за човекови права сметаат дека „највисоките стандарди за физичко и ментално здравје“ се основно човеково право. Во однос на правото на здравје како основно човеково право, многу е важно, сексуалните работници да имаат пристап до сеопфатна здравствена заштита, вклучувајќи и ја репродуктивната нега. Според Информативниот документ за правото на здравје изготвено 7) од страна на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права и Светската здравствена организација, клучни аспекти на правото на здравје се следниве: 7) 58 – Правото на здравје е инклузивно право кое вклучува широк спектар на фактори, „основни детерминанти“ кои можат да им помогнат на луѓето да водат здрав живот. Под право на здравје се подразбира следново: здрави услови за работа и животна средина, образование и информации поврзани со здравјето и родова еднаквост. – Под правото на здравје се подразбира можноста за пристап до здравствени услуги и установи. Според меѓународните инструменти за човекови права, здравствените услуги и капацитетите треба да бидат лесно достапни, лесно пристапни, прифатливи и со добар квалитет за сите без дискриминација. – Последна компонента на правото на здравје е учеството, што значи информирано, значајно и активно вклучување на населението и ранливите заедници, вклучувајќи ги и сексуалните работници, во одлуките кои влијаат на нивното здравје и благосостојба. Сексуалните работници - исто како и другите популации - треба да се третираат како стратешки партнери во донесувањето одлуки, активности и програми https://www.who.int/hhr/activities/Right_to_Health_factsheet31.pdf?ua=1