Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Seite 59

Модул 3 сексуалните работници во Европа 6) , која е изготвена и прифатена од сексуални работници, нивни сојузници, активисти за правата на сексуалните работници и организации кои работат со сексуалните работници низ Европа и пошироко, се наведуваат основните човекови права на сексуалните работници, без разлика на пол, род, сексуална ориентација, класа, раса, етничка припадност, националност, здравствена состојба, возраст, државјанство, јазик, ниво на образование или некој друг општествен или личен статус: Правото на живот; • Правото на слобода и сигурност на личноста; • Забрана на ропство, принудна работа и слугување; • Забрана на тортура, нехумано или понижувачко однесување; • Правото на заштита од насилство, физички повреди, закани и заплашувања; • Правото на приватност и заштита на семејниот живот, вклучувајќи го тука и правото на слобода од произволно или незаконско мешање во приватноста, семејството, домот или во преписките и од напади врз честа и угледот; • Правото на стапување во брак и формирање семејство; • Правото на слобода на движење и живеалиште; • Право на напуштање на секоја земја, вклучувајќи ја и сопствената, и враќање во неа; • Право на барање азил; • Правото на еднаква заштита пред законот и заштита од дискриминација и поттик на дискриминација; • Правото на праведно судење; • Правото на слобода на мислење и изразување; • Правото на работа, на слободен избор на работно место и праведни и поволни услови за работа и заштита при невработеност; • Правото на највисок можен стандард на физичко и ментално здравје; • Правото на мирни собири и здружување; • Правото на организирање, на слобода на поврзување и на формирање и зачленување во здруженија; • Правото на информирање за мигранти со и без документи; • Правото на ефективни правни лекови; • Принципот на не-дискриминација; • Правото на учество во јавниот и културен живот на општеството; • Обврска на државите да се борат со предрасудите и вообичаените и сите други пракси кои се базираат на идејата на полова инфериорност или супериорност или на стереотипните улоги на мажите и жените. Декларацијата за правата на сексуалните работници во Европа е изготвена во координација са Меѓународниот комитет за правата на сексуалните работници во Европа и има за цел да ги идентификува човековите, работничките и миграционите 6) http://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2018/02/deklaracija2-1.pdf? fbclid=IwAR26p5BTRQhSKTFRRjNrmKo_BU6VwYZTOz1JtRBcDLNGLYeNKeP1cR7ALfI 57