Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 58
Модул 3
М одул 3 има за цел да ја зголеми вашата свест и знаење за основните
човекови права, вклучувајќи го и правото на здравје. Во ова поглавје ќе се
запознаете повеќе за општите концепти на човековите права, нивните главни
карактеристики и клучните инструменти кои го идентификуваат и зачувуваат секое
право на човекот. Исто така, ќе разговараме за тоа што значат човековите права во
пракса и зошто се тие важни за заедницата на сексуални работници, како на
глобално ниво така и во нашата земја. Потоа, ќе го истражиме правото на здравје кое
е важен сегмент во животот на сексуалните работници во однос на пристапот до
здравствени услуги и здравствена заштита.
К лучни информации кои треба да ги знаете од Модул 3 се следниве:
10.1. Сексуалните работници и човековите права
Човековите права се права што секоја личност ги има и врз основа на тоа има право
да биде човечко суштество. Човековите права се:
• Универзални, што значи дека секој човек има подеднакви права, без дискрими-
нација;
• Фундаментални, што значи дека човековите права се неопходни за секој да живее
со достоинство;
• Вродени, што значи дека тие не се одобрени од некое лице или орган; секој човек
има право на нив како човечко суштество;
• Неотуѓиви, што значи дека тие не можат да бидат одземени, дадени или отфрлени
од никого или под никакви услови;
• Меѓусебно зависни, што значи дека исполнувањето на некое право не може да се
случи без исполнување на сите други права;
• Неделливи, што значи дека тие не можат да се поделат и дека сите се подеднакво
важни.
Човековите права се дефинирани во голем број меѓународни и регионални
договори и конвенции. Меѓу најважните ги издвојуваме следниве:
–
Универзалната декларација за човекови права (1948)
–
Европската конвенција за човекови права (1953)
–
Меѓународниот договор за граѓански и политички права и
Меѓународниот договор за Економски, социјални и културни права
(1976)
–
Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација против
жените, CEDAW (1979)
Сексуалните работници се човечки суштества како и секој друг и имаат право на
човекови права според бројни меѓународно договорени стандарди за третман на
сите луѓе, без оглед на нивната професија. Според Декларацијата за правата на
56