Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 57

Модул 3 10. МОДУЛ 3: Човекови права и право на здравје С ексуалните работници живееле на маргините на општеството низ поголемиот дел од човечката историја. Денес, заедницата сексуални работници е се уште маргинализирана. Стереотипи, навредливи имиња, стигма и општа рамнодушност кон оваа заедница сеуште преовладуваат во светот. Додека размена на секс за пари е вообичаена практика ширум светот, сексуалните работници честопати се третираат како неморални во поширокото општество. Сексуалните работници се поединци кои се вклучуваат во секс индустријата од повеќе причини: од личен, економски и социјален аспект, што всушност претставува комбинација од причини за секој човек кој бара работа за егзистенција. Сексуалната работа вклучува различни профили сексуални работници кои започнуваат да ја работат оваа работа под различни животни околности. Многу сексуални работници слободно ја избираат сексуалната работа за своја професија. Постојат повеќе причини поради кои сексуалните работници ја работат оваа работа - како главен извор на финансии, начин на преживување, или можност за надополнување на своите приходи. Без разлика на причините, поради непостоењето на регулиран закон на сексуалната работа во РС Македонија, се отежнува нивниот пристап до правните, здравствените и социјалните услуги, ги изложува на насилство, дискриминација и им го прекршува правото на работа и безбедност. Сексуалните работници се особено ранливи група која постојано е дискриминирана и отфрлена од општеството. Во РС Македонија каде што се уште постои конзервативност, дискриминацијата резултира како производ на присутната неинформираноста и стигма кај поширокото општество. Сето ова доведува до сериозни повреди врз животот и здравјето на сексуалните работници, како и повреда на нивните човекови права. Стигмата и дискриминацијата врз сексуалните работници честопати доведуваат до кршење на човековите права, кои пак резултираат со високи стапки на насилство кај оваа маргинализирана заедница. Гласовите на сексуалните работници во голема мера се отсутни од јавните дискусии и политики кои ги засегаат. Најчесто новодонесените закони и прописи за здравјето и безбедноста на сексуалните работници се прават без нивно учество и неретко се креираат закони кои ги повредуваат или негираат нивните човекови права. Сексуалните работници обично имаат исти потреби како и сите останати луѓе, а тоа е да изградат подобар живот за себе и за своите семејства, да имаат пристап до програми за образование, јазик и писменост; да имаат можност да градат сопствени бизниси и да управуваат со своите пари; да добијат поддршка од институциите и општата јавност во отрстанување на бариерите, како и да се стави крај на нивната изолација. Како и сите луѓе, сексуалните работници треба да бидат способни сами да донесуваат одлуки за тоа како сакаат да го живеат својот живот. 55