Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 63
Модул 3
Сексуалните работници имаат право на исти човекови права како и сите
други луѓе, вклучувајќи го и правото на недискриминаторски, достапен и
културолошки-специфичен пристап до универзални, квалитетни здравствени
услуги и превенција и третман на сексуално преносливи инфекции (СПИ),
вклучувајќи ги и ХИВ и СИДА. Тие исто така имаат право да бидат ослободени
од навредливи медицински практики, како присилно или задолжително
тестирање за ХИВ и СПИ, присилна стерилизација и задолжително лекување.
10.4. Прекршување на човековите права на сексуалните работници
Злоупотребата на човековите права се јавува во сите сфери од животот на
сексуалните работници, вклучувајќи ги и здравството, домувањето, вработувањето и
образованието, од страна на приватни лица, државни службеници, спроведувачи/
креатори на закони и политики и/или други државни актери. Директните
прекршувања на човековите права на сексуалните работници често се вкоренети во
репресивните законски рамки и негативните социјални практики.
Стигмата и невидливоста честопати доведуваат до кршење на човековите права на
сексуалните работници. Постојат голем број студии за сексуалните работници во
светот кои покажуваат дека оваа маргинализирана заедница страда од високи
стапки на насилство, честопати извршена од страна на властите, кои не успеваат да
ги заштитат човековите права на сексуалните работници, а пак во многу случаи, исто
така, се злоупотребувачи.
Честопати, човековите права на сексуалните работници се загрозени од самите
политики кои се креирани и наменети да им помогнат. Сепак, политики базирани на
претпоставката дека сексуалната работа е инхерентно дехуманизирање никогаш не
може да ја препознае или да ја подобри реалноста на животот на сексуалните
работници.
Ризикот од сексуално преносливи инфекции (СПИ) и ХИВ/СИДА може да биде висок
во сексуалната работа, но тоа не мора да биде така. Сексуалните работници кои
имаат знаење и потребни алатки се во можност да се заштитат себеси и своите
клиенти. Кога тие имаат моќ да преговараат, сексуални работници се лидери во
практикувањето методи за побезбеден секс.
Во повеќето земји, најголем дел од сексуалните работници се жени, а поголемиот
дел од нивните клиенти се мажи, но ова не е правило, бидејќи луѓето од сите родови
се вклучени во сексуалната работа и истите се ранливи на злоупотреба,
малтретирање и насислтво од страна на полицијата, државните иснтитуции и
општата јавност.
Правото на живот, безбедност, слобода на говор, политичкото делување и пристапот
до информации и основните здравствени и образовни услуги се исто толку важни за
сексуалните работници како и за сите други. Никој не треба да ги изгуби овие
човекови права поради работата што ја работи. Со намалувањето на стигмата и
дискриминацијата на сексуалните работници ќе се подобрат условите во кои
сексуалните работници живеат и работат.
61