Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 54

Модул 2 Вежба Бр.3: Вежба за утврдување на пречки во пристапот до услуги за ХИВ на сексуалните работници В реметраење: 45 – 60 минути П отребни материјали: флип чарт табла, стикери, пенкала, маркери Целта на оваа вежба е да се идентификуваат главните пречки и предизвици со кои се соочуваат сексуалните работници во нивниот пристап до услуги за ХИВ, како што се ХИВ превенција, тестирање и терапија во даден контекст. Исто така, оваа вежба ги поттикнува учесниците да разговараат за различни стратегии за надминување на овие бариери и предизвици. За оваа вежба треба да имате претходно подготвен материјал на кој ќе бидат наброени услугите за ХИВ, а кои се нудат во нашата земја преку граѓански организации или здравствени институции. Следат неколку примери за услуги поврзани со ХИВ. Вие како обучувач, имате можност да го дополните овој список: - ХИВ тестирање; - Пред- и пост-советување за ХИВ тестирање - Информации, едукација и советување за прашања поврзани со превенција од ХИВ; - СПИ тестови за бактериски инфекции (тест за гонореја, сифилис и кламидија); - СПИ тестови за вирусни инфекции (херпес, хепатитис Б, хепатитис Ц, ХПВ – хуман папилома вирус); - Дијагноза и третман на вирусен хепатитис; - Превенција и третман на сексуално преносливи инфекции; - Обезбедување пристап до кондоми; - Обезбедување пристап до лубриканти; - Обезбедување пристап до бесплатна АРТ (антиретровирусна терапија); - Социјална поддршка за прашања поврзани со ХИВ/ СИДА. Разговарајте со учесниците во однос на горенаведените услуги. Оставете им простор на учесниците да одгворат на некои клучни прашања поврзани со услугите за ХИВ, како на пример: - Дали ги разбираат овие услуги и дали сметате дека недостасува некоја услуга која не е наведена? - Кои од услугите што ги разгледавте пред малку мислите дека се најпотребни во моментов? - Кои од услугите најмалку ви се потребни? - Кои од услугите се веќе достапни за сексуалните работници? - Каде можете да ги добиете услугите за кои разговараме во Вашиот контекст (се мисли на местото на работење/живеење)? 52