Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 55

Модул 2 - Кои од услугите најчесто ги користите? - Каков е пристапот до овие услуги? По завршување на дискусијата, поделете ги учесниците во групи во зависност од бројот на учесници во обуката. Побарајте од членовите на секоја група да наведат по три пречки со кои се соочува заедницата на сексуални работници кога бараат пристап до услуги поврзани со ХИВ (превенција, тестирање или лекување). Поттикнете ги да дискутираат за можностите за надминување на овие бариери, т.е. што треба да се направи услугите да им станат подостапни и каква помош и поддршка е потребна за да се подобри пристапот до потребните услуги. Секоја од групите треба да ги размени своите мислења и ставови со учесниците од другите групи. Доколку сметате дека им е потребна помош во однос на наведувањето на пречките со кои се соочува заедницата на сексуални работници, поттикнете ги на размислување, со поставување на некои од следниве прашања, дадени за пример: - Потсетете се на случај кога Ви била потребна некоја услуга, но се покажало тешко да ја добиете или воопшто не сте ја добиле. Која беше твојата потреба, каква помош беше потребна? - Што, според Вашето мислење, беше главната пречка за добивање на услугата/ помошта која ја очекувавте? - Со оглед на претходните искуства и искуствата на Вашите пријатели/колеги, со какви пречки очекувате да се соочите кога се обидувате да добиете некоја услуга? Разгледајте ја листата подолу, доколку нешто не е спомнато: • различни услуги, обезбедени во различни институции; • се плаќаат услугите; • ставовите/однесувањето на персоналот; • страв од насилно прогонување; • ризик од откривање на лични податоци; • комплексни барања (документи, задолжителна хоспитализација, регистрација во база на податоци за пациентот, ограничено работно време, регистрација); • долги чекање; • далеку за патување; • не е во градот; • зафатеност со работа; • грижа за други лица (на пример, дете, постари членови на семејството, роднини, итн.). - Доколку се појави некаква пречка, повеќе ќе преферирате да не ги користите овие услуги, или пак ќе се обидете повторно да ги добиете? Од што ќе зависи овој избор? Пред завршување на вежбата, замолете ги учесниците да излезат со моќна изјава за застапување користејќи го знаењето стекнато преку оваа сесија и истите пораки да ги запишат на стикери и залепат на ѕид или флипчарт итн. Поканете ги учесниците да ги разгледаат пораките. 53