Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 53

Модул 2 Вежба Бр.2: Вежба за воведување во темата „Достапни услуги поврзани со ХИВ за сексуалните работници“ В реметраење: 30- 45 минути П отребни материјали: претходно подготвени изјави за услуги поврзани со ХИВ, флип чарт табла, стикери, пенкала, маркери Целта на оваа вежба е да се процени знаењето на сексуалните работници за достапните услуги за ХИВ во нивниот контекст. Ова може да биде воведна вежба пред PowerPoint презентацијата, или пак да следи по завршување на презентацијата. Прочитајте ги претходно подготвените изјави за учесниците, и по секоја изјава, прашајте ги учесниците дали изјавата е применлива во нивниот контекст, а се мисли на местото, градот, или околностите во кои тие работат. Вклучете ги учесниците во дискусија за предизвиците со кои сексуалните работници се соочуваат при пристапот до услугите поврзани со ХИВ со цел да ги набројат пречките. Запишете ги предизвиците и/или проблемите посочени од страна на учесниците на стикери и залепете ги на флипчарт со цел сите да можат да ги разгледаат. Следат неколку примери за изјави поврзани со достапноста на услуги поврзани со ХИВ за сексуалните работници. Вие како обучувач, имате можност да го дополните овој список во зависнот од групата и интересите на учесниците: - Сексуалните работници можат да добијат доброволно, анонимно и бесплатно ХИВ тестирање. - Машките и транссексуалните сексуални работници имаат пристап до едукација за превенција од ХИВ. - Сексуалните работници имаат пристап до ПрЕП И ПЕП заштита. - Здравствените услуги се достапни за сексуалните работници без стигма и дискриминација. - Здравствените услуги се достапни за сексуалните работници. - Програми и едукација за правилна употреба на опрема за инјкетирање на дрога се достапни за сексуалните работници кои користат дроги. - Сексуалните работници мигранти можат да пристапат до третман и грижа за ХИВ. - Обезбедувањето услуги за сексуалните работници е приоритет во националните програми за ХИВ/ СИДА во земјата. - Изложеноста на ХИВ не е криминализирана. - Сексуалните работници се подложени на задолжително тестирање за ХИВ. 51