Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 52
Модул 2
- Сексуалните работници се повеќе ранливи на ХИВ отколку оние кои не се
вклучени во сексуалната работа.
- Задолжителното ХИВ тестирање придонесува за здравјето и благосостојбата
на сексуалните работници.
- Машките сексуалните работници и трансродовите лица се соочуваат со
повисоки стапки на ХИВ преваленца во споредба со женските сексуални
работници.
- Услугите за ХИВ и СПИ треба да бидат достапни за сите подгрупи на
заедницата на сексуални работници.
- Сексуалните работници треба да ги добиваат услугите за ХИВ само преку
граѓанските организации.
- Сексуалните работници не треба да се едуцираат за ХИВ и СПИ.
- Сексуалните работници не треба да користат кондоми со своите брачни
партнери, само со клиентите.
- Информациите и личните податоци за сексуалните работници не треба да се
откриваат за време на добивање на услуги поврзани со ХИВ.
- Сексуалните работници треба сами да си плаќаат за да добијат кондоми и
лубриканти.
- Стигмата и дискриминацијата се сеуште присутни кај здравствените
работници.
- Сексуалните работници имаат право на бесплатна АРТ (антиретровирусна
терапија).
- Машките сексуални работници и трансродовите лица имаат пристап до
едукација и потребни информации поврзани со ХИВ.
По секоја прочитана изјава, прашајте ги учесниците зошто се ставени во одредена
позиција. Обидете се да направите врска помеѓу различни аргументи или ставови, но
не се вклучувајте во дебатата и не оправдувајте какво било мислење. Затворете ја
сесијата со информирање на учесниците за целта на вежбата, кажувајќи им дека ќе
имаат повеќе можности да разговараат за овие прашања за време и по завршување
на PowerPoint презентацијата.
Power point презентација Бр.2: Пречки во пристапот на сексуалните работнци
кон услуги поврзани со ХИВ
Изработете Power Point презентација во која ќе ги вклучите клучните компоненти
опишани погоре во Модул 2, а кои се однесуваат на пречки во пристапот на
сексуалните работници кон услугите поврзани со ХИВ.
В реметраење: 40 минути, вклучувајќи го и делот за дискусија по завршување
на презентацијата.
П отребни материјали: лаптоп, проектор, нотеси или тефтери за учесниците,
пенкала
50