Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 51
Модул 2
П римери за вежби и активно вклучување на учесниците:
Power point презентација Бр.1: ХИВ превенција, тестирање, третман и грижа кај
сексуалните работници
Изработете Power Point презентација во која ќе ги вклучите клучните компоненти
опишани погоре во Модул 2, а кои се однесуваат ХИВ превенција, тестирање,
третман и грижа за заедницата на сексуални работници.
В реметраење: 40 минути, вклучувајќи го и делот за дискусија по завршување
на презентацијата.
П отребни материјали: лаптоп, проектор, нотеси или тефтери за учесниците,
пенкала
Вежба Бр.1: Воведување во темата „ХИВ и сексуална работа“
В реметраење: 30 минути
П отребни материјали: претходно подготвени изјави на прашања поврзани со
ХИВ, хартија А4 формат, пенкала, маркери
Целта на оваа вежба е да се воведе темата „ХИВ и сексуалната работа“ на
интерактивен начин во кој активно ќе се вклучат сите учесници. Најдобро е оваа
вежба да ја направите пред започнување на Power Point презентацијата за ХИВ
превенција, тестирање, третман и грижа кај сексуалните работници. Оваа вежба,
исто така, има за цел да ги прикаже различните перцепции и ставови на учесниците
во врска со ХИВ и сексуалната работа. Со презентирање на нивните изјави и ставови,
може да доведе до отворање на дебата кај учесниците за одредени прашања
поврзани со ХИВ.
Објаснете им на групата учесници како ќе ја изведете оваа вежба. Прво прочитајте ги
изјавите кои претходно сте ги подготвиле, а се поврзани со ХИВ, додека пак тие ќе
мораат да одлучат дали се согласуваат или не се согласуваат со нив. Еден агол на
собата треба да биде назначен со „ДА“ користејќи хартија со А4 формат, а другиот со
„НЕ“. Во зависност од она што тие мислат, учесниците треба да се лоцираат на
соодветно место во просторијата, односно ха двете места назначени со „ДА“ или
„НЕ“. Објаснете им на учесниците дека нема точни или погрешни одговори и Вашата
улога е само да ги прочитате изјавите и да поставувате прашања поврзани со ХИВ на
кои треба да одговорат самите учесници.
Пред започнување на вежбата, прашајте дали некој од учесниците има проблеми со
мобилноста. Доколку постои таквов случај, понудете му на учесникот или учесниците
да останат во седечка положба и да дадат устен одговр доколку сакаат.
Следат неколку примери за изјави поврзани со ХИВ и сексуалната работа. Вие како
обучувач, имате можност да го дополните овој список во зависнот од групата и
интересите на учесниците:
49