Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 50
Модул 2
9.3. Пречки во пристапот на сексуалните работници кон услугите поврзани со ХИВ
Сексуалните работници многу често се соочуваат со предизвици при пристапот до
услуги поврзани со ХИВ, од превенција до третман. Како главни пречки за пристап до
услуги поврзани со ХИВ за сексуалните работници се следниве:
- Ограничена достапност на програмите за превенција на ХИВ за сексуалните
работници, вклучувајќи ги и промоцијата на кондоми и лубриканти и
обезбедување на таргетирани информации и едукација за ХИВ и СПИ.
- Присуство на дискриминација и стигма во рамките на обезбедување на услуги
за ХИВ.
- Неинклузивност во постоечките програми за ХИВ превенција.
- „Криминализација на кондоми“: кондомите се користат како доказ од страна на
полицијата за да се оправда притворањето или апсењето на сексуалните
работници.
- Тешко достапни или недостапни услуги за намалување на штети кај
сексуалните работници кои користат дроги.
- Недостаток на доверливост/анонимност при давање на услуги за ХИВ.
- Задолжително и присилно тестирање на ХИВ.
- Репресивни закони кои влијаат врз подгрупите на заедницата на сексуални
работници.
- Немање поддршка од страна на социјалната средина: социјална и економска
маргинализација, дискриминација, стигма, насилство и злоупотреба.
- Ограничен пристап и достапност на здравствени услуги во здравствените
установи.
- Дискриминаторски пристап и третман од страна на здравствените работници
во здравствените установи.
- Институционално исклучување од здравствените услуги.
- Ограничен пристап до АРТ (антиретровирусната терапија) и лекови.
Во РС Македонија, сексуалните работници најчесто ги добиваат здравствените услуги,
вклучувајќи ги и услугите поврзани со ХИВ преку граѓански организации, додека пак
истите се лимитирани и потешко достапни во јавните институции. Потешкиот пристап
до услуги во јавните институции е резултат на неинформираноста на сексуалните
работници за постоењето на истите во јавниот сектор, стравот од потенцијална
дискриминација од страна на професионалните работници, како и намалениот
кавалитет на услугите. Сексуалните работници имаат недоверба кон стручниот
персонал во институциите и кај нив постои страв да пристапат кон државните
институции поради недостатокот на сензибилизираност кај овие кадри. Стравот и
недовербата кон институциите присутна кај сексуалните работници се јавува токму
поради маргинализираната положба на сексуалната работа како работа.
Сексуалните работници мора да имаат пристап до достапни, лесно пристапни,
прифатливи и соодветни услуги за превенција, третман, поддршка и грижа за
ХИВ.
48