Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 49

Модул 2 тест, за можностите за намалување на ризичното однесување, како и поддршка и евентуално препраќање. Од суштинско значење е ХИВ тестирањето и советувањето да се придржуваат до основните принципи на доброволност, доверливост, приватност и еднаквост. ХИВ тестирањето мора да биде доброволно, иницирано од страна на самите клиенти. Услугите за тестирање и советување за ХИВ мора да бидат доверливи, што значи дека потребно е давателите на услуги да овозможат доверливост на целиот процес на советување и тестирање и дискусијата помеѓу давателот на здравствена услуга и клиентот да остане строго приватна. Сите клиенти мора да бида третирани на еднаков начин без разлика на ХИВ статусот, социјалниот статус, образованието, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, возраста, етничката или религиозната припадност, која било вид на попреченост или која било друга лична или општествена карактеристика. Третманот за ХИВ вклучува користење на антиретровирусна терапија (АРТ) која ја намалува репродуктивноста на ХИВ вирусот во организмот и го зајакнува имунитетот. Со отпочнување на АРТ терапијата, бројот на копии на вирусот во крвта (вирусни честички кои можат да нападнат здрави CD4 клетки) почнува да опаѓа и обично во период од околу 6 месеци по отпочнувањето, тој број може да стане помал од 40 копии на 1мл. Апаратите не можат да ги избројат вирусните честички чиј број е под 40, па затоа во овој случај се вели дека резултатот е недетектабилен, т.е. немерлив. Токму и тоа е и целта на антиретровирусната терапија: количеството на вирус во крвта да стане или немерливо или да се одржува во многу ниска вредност. Под антиретровирусната терапија се подразбира земање комбинација од 3 лекови, понекогаш и 4 или повеќе, од кои секој на ралзличен начин го спречува вирусот во неговото размножување. На тој начин, од една страна го сузбива ХИВ вирусот во организмот, а од друга страна се намалува можноста вирусот да стане отпорен на некој од лековите. Пристапот до третман за ХИВ има огромно значење за заштитата на јавното здравје, вклучувајќи го и здравјето на сексуалните работници, бидејќи ги намалува шансите за пренос на инфекцијата по сексуален пат и до 96%. Во однос на негата и поддршката за лицата кои што живеат со ХИВ, како суштински елементи што им овозможуваат на овие лица да го заштитат сопственото сексуално и репродуктивно здравје ги издвојуваме следниве: • Позитивна превенција. Позитивната превенција ги нагласува следниве 4 водечки принципи: промоција и заштита на човековите права на луѓето кои што живеат со ХИВ, активно вклучување на луѓето кои живеат со ХИВ во процесите на носење одлуки кои директно ги засегаат нивните животи, заедничка сопственост и одговорност за намалување на ХИВ преносот и препознавање на различните потреби на луѓето кои живеат со ХИВ. • Психосоцијална поддршка. Психосоцијалната поддршка се однесува на справувањето со моменталните психички и социјални проблеми со кои се соочуваат лицата кои живеат со ХИВ, нивните партнери, семејства и сите оние кои се засегнати од ХИВ. • Врсничка поддршка. Врсничката поддршка се нуди од страна на обучени лица од самата заедница. Оваа поддршка е директна и се нуди лице во лице, преку интернет или телефон, а исто така преку посета дома или во болница. 47