Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 48

Модул 2 • употреба на ПЕП (постекспозициска профилакса), како заштита по изложување на вирусот. Оваа интервенција вклучува земање на антиретровирусни лекови најдоцна до 72 часа од изложување на ризикот во периодот од 28 дена. Овие стратегии на заштита во моментов не се редовно достапни во РС Македонија за широката популација. • Стратегии за намалување на штети кај сексуалните работници кои користат дроги: • Програми и едукација за правилна употреба на опрема за инјкетирање на дрога. Приборот кој се користи за инјектирање на дрога како што се игла, кукер и шприц треба да бидат стерилни. • Програми за користење безбедна oпиоидна супституциона терапија. • Советување за употреба на супстанции базирани на докази. • Навремено откривање и превенција на ХИВ кај бремени жени: • Навремено откривање на ХИВ кај бремена жена или жена која планира бременост. • Навремено отпочнување на АРТ (антиретровирусна терапија) кај жена која живее со ХИВ пред или во текот на бременоста. • Примена на соодветни медицински протоколи при породување. • Избегнување на доење на детето од жена која живее со ХИВ. 9.2. ХИВ тестирање, третман, нега и поддршка Единствениот начин да се знае дали некое лице е заразено со ХИВ е примената на ХИВ тестирањето. ХИВ тестирањето е од суштинско значење, бидејќи во зависнот од резултатот, тоа води кон навремена терапија и соодветна нега и поддршка. ХИВ тестирањето е постапка на земање телесна течност од индивидуата за потврда или отсуство на ХИВ инфекцијата. За ХИВ тестирање се користат индиректни тестови (брзи или стандардни) засновани на барање антитела против ХИВ во крвта, плунката или урината. Резултатите од позитивен брз или стандарден тест мора да бидат соодветно потврдени со дополнителен конфирматорен тест во согласност со националните протоколи за потврда на дијагноза на ХИВ. Услугите за ХИВ тестирање мора да бидат придружени со советување и споделување на соодветни и висококвалитетни информации пред и после тестирањето, како и обезбедување на ефективни упатувања до соодветни услуги за третмани, терапии, програми за долгорочна заштита, нега и поддршка. Советувањето како дел од процесот на ХИВ тестирање им овозможува на индивидуите преку дискусија да го анализираат сопствениот ризик за пренос на ХИВ и можните начини за негово намалување, да добијат информации за ХИВ, како и поддршка. Се одвива во форма на пред-тест советување и пост-тест советување. Информациите и проценката на ризикот, направени во пред-тест советувањето им помагаат на индивидуите дали да го направат ХИВ тестот или не. Во текот на пост- тест советувањето, индивидуите се информираат за резултатите од нивниот ХИВ 46