Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Página 47
Модул 2
М одул 2 има за цел да понуди информации кои се неопходни за нудење
услуги поврзани со ХИВ – превенција, тестирање и третман за заедницата на
сексуални работници. Во овој модул ќе ги разгледаме различните стратегии за ХИВ
тестирање достапни во нашата земја, компонентите на интервенции за превенција
од ХИВ за сексуалните работници, насоките за третман на ХИВ и можности и пречки
во пристапот на сексуалните работници кон услугите поврзани со ХИВ.
К лучни информации кои треба да ги знаете од Модул 2 се следниве:
9.1. ХИВ превенција
Превенцијата од ХИВ се однесува на различни практики за спречување на ширењето
на ХИВ / СИДА. ХИВ превенцијата е од клучно значење за сексуалните работници,
бидејќи го зголемува знаењето за начинот на пренос на ХИВ, им овозможува да се
заштитат од ХИВ инфекцијата, како и да добијат информации во однос на услуги
поврзани со ХИВ тестирање, третман и нега.
ХИВ превенцијата за сексуалните работници се состои од:
• Промоција за правилна и редовна употреба на машки (за вагинален,
анален и орален секс) и женски кондоми и лубриканти на база на вода.
Кондомот претставува единствено и најсигурно контрацептивно средство, кое
исотвремено штити и од непланирана бременост и од СПИ (сексуално
преносливи инфекции), вклучувајќи го и ХИВ.
• Eдукација за ХИВ и СПИ. Едукацијата на сексуалните работници подразбира
редовни едуактивни работилници за зголемување на свесноста кај оваа
заедница во однос на заштита од ХИВ, навремена превенција, третман и нега,
како и зголемување на опфатот со ХИВ тестирање.
• Тестирање, дијагноза и третман за ХИВ и СПИ. Навременото тестирање за
ХИВ, пропратено со квалитетно пред-тест и пост-тест советување,
соопштување на резултатите, објаснувањето на значењето на резултатите,
третманите за ХИВ и понатамошната нега и поддршка се од суштествено
значење за сексуалните работници како дел од процесот за ХИВ превенција.
• Употреба на АРТ (антиретровирусна терапија) за ХИВ кај позитивни луѓе.
Употребата на антиретровирусна терпија за ХИВ кај позитивни лица делува
како превенција. Тоа значи дека вирусот не може да се пренесе од лицата што
имаат ХИВ доколку тие редовно примаат АРТ и постигнале т.н.
недетектабилно ниво на вирус
• Употреба на АРТ (антиретровирусна терапија) за ХИВ кај негативни луѓе.
Како профилакса (заштита) од ХИВ во одредени ситуации може да се
употребат следниве стратеги:
• употреба на ПрЕП (предекспозициска профилакса), како заштита пред
изложување на вирусот. Оваа интервенција вклучува превенција на ХИВ
инфекцијата кај луѓе кои немаат ХИВ, меѓутоа се под голем ризик да се
инфицираат со редовно земање на профилакса (заштита) во вид на
таблета.
45