Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | 页面 41

Модул 1 Откако групите ќе завршат со дискусиите, дадете им инструкции како да ги издвојат клучните точки. Потоа замолете ги да изберат една тема, т.е. проблем на кој ќе развиваат подетални акции или активности насочени кон подигнување на свеста, едукација, промена и поддршка за тоа прашање. Затворете ја дискусијата со презентација на нивниот акционен план. Power point презентација Бр.2: Кампања – содржина и реализација Изработете Power Point презентација во која ќе ги вклучите клучните компоненти опишани погоре во Модул 1, а кои се однесуваат на реализирање на јавни настани и кампањи. В реметраење: 30 минути, вклучувајќи го и делот на дискусија по завршување на презентацијата. П отребни материјали: лаптоп, проектор, нотеси или тефтери за учесниците, пенкала Вежба Бр.2: Планирање на кампања В реметраење: 75 минути П отребни материјали: флип чарт, стикери, хартија А4 формат, пенкала, маркери Групирајте ги учесниците во помали групи и побарајте од секоја група да развие план за кампања. Како пример може да се земе одбележување на горенаведените денови кои се од големо значење за заедницата на сексуални работници. Дајте им доволно време да размислат и замолете ги да го споделат напишаното со групата. Побарајте од секоја група да дискутираат за следните прашања во врска со изборот на темата за организирање на кампања: - Кои се Вашите цели и што сакате да постигнете со кампањата? (Набројте ги целите!) - Која е Вашата порака и за кого е наменета? (Внимавајте со креирање на Вашата порака, таа треба да биде јасна и гласна со цел да остави впечаток во јавноста и да им даде до знаење што сакате и што треба да се направи) - Како ќе влијае и врз кого ќе влијае Вашата кампања? (Направете истражување на проблемите со кои се соочува заедницата на сексуални работници и кон кого сакате да го насочите решавањето на важните прашања и проблеми) - Кој може да работи со Вас во подготовка на кампањата? (Дискутирајте за тоа кој се може да се вклучи во организирање на вашата кампања со цел да ви даде целосна 39