Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 42
Модул 1
поддршка)
- Која е Вашата моќ? (Што сметате дека ќе направите/промените со Вашата
кампања?)
- Кои алатки за комуникација ќе ги користите за да ја пренесете Вашата главна
порака?
- Кои активности/директни акции ќе ги вклучите во Вашата кампања и како?
(Размислете каде ќе се одвиваат овие активности)
- Кои се начините да ја направите Вашата кампања одржлива на подолг период?
(Размислете за стратегии или начини кои би Ви помогнале во одржување на
заедницата на долг период и во целите кои сакате да ги постигнете.)
Откако групите ќе завршат со дискусиите, дадете им инструкции како да ги издвојат
клучните точки. Потоа замолете ги да изберат една тема, т.е. порака за која ќе сакаат
да развијат план за кампања. Затворете ја дискусијата со презентација на нивниот
план.
Вежба Бр.3: Изработка на Соопштение за медиуми
В реметраење: 60 минути
П отребни материјали: флип чарт табла, стикери, хартија А4 формат, пенкала,
маркери
Групирајте ги учесниците во помали групи и побарајте од секоја група да напише
пример за соопштение за медиуми. Објаснете им ја целта на вежбата и побарајте од
нив да состават соопштение по повод одбележувањето на 17-ти декември –
Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Со цел да
им ја олесните задачата, препорачливо е да им покажете пример од соопштение за
медиуми (Види прилог 5: Пример за Соопштение за медиуми) и да ги истакнете
главните делови по кои ќе се водат при составување на соопштението. Користете
флип чарт табла, со цел сите учесници да имаат можност да ги гледаат за време на
вежбата.
Едно прес соопштение треба да ги содржи следниве делови
- Наслов
- Поднаслов
- Вовед: резиме на клучните информации („Кој?, Што?, Зошто?, Каде? и Како?“)
- Цитат
- Основни информации
- Резиме и клучни барања
Дајте им доволно време на учесниците да го напишат соопштението. Потсетете ги да
40