Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 40
Модул 1
Одберете тема заедно со Вашите учесници на која ќе разработувате потенцијален
план за застапување. Застапувањето на правата на сексуалните работници е сложен
процес и бара време и внимание. Постојат два важи чекори кои треба да се земат
предвид при застапување на правата на сексуалните работници:
–
Идентификување на проблемот и што сакате да постигнете;
–
Земање во предвид на работите кои треба да се направат за да ја
постигнете целта.
Побарајте од учесниците да запишат на стикери (или лист хартија) поединечно три
главни проблеми со кои се соочува заедницата на сексуални работници, а се
поврзани со повреди на човековите права и слободи на сексуалните работници во
нивната земја. Дајте им доволно време да размислат и замолете ги да го споделат
напишаното со групата. Стикерите може да ги залепите на флип чарт за да можат
учесниците да ги гледаат за време на сесијата.
Обидете си да ги групирате идентичните или истите проблеми наведени од страна
на учесниците во категории. По мапирањето на сите идеи, замолете ги учесниците да
им дадат приоритет на оние за кои би сакале да разговараат подетално и за кои би
сакале да развиваат потенцијален план за застапување. Во зависност од бројот на
учесниците во групата, поделете ги учесниците во помали групи за да работат на
одреден проблем.
Побарајте од секоја група да разговара за следните прашања во врска со темата која
ја одбрале:
- Дали прашањето навистина влијае врз животот на сексуалните работници во
земјата? Како го знаете тоа?
- Дали проблемот влијае на сите сексуални работници или само на одредени
подгрупи?
- Дали влијанието е повеќе или помалку сериозно во споредба со другите
потенцијални проблеми?
- Дали е реално да се обидете да го решите ова прашање?
- Дали е соодветно да се користи план за застапување со цел да се реши ова
прашање? Зошто и како?
- Која е целта на застапувањето? (Дефинирајте го посакуваниот резултат кој сакате да
го постигнете!)
- Кои методи на застапување би ги користеле за да дојдете до решение на
проблемот?
- Кои се Вашите краткорочни и долгорочни цели? (Прецизирајте конкретни и реални
активности кои помагаат да ги постигнете Вашите цели)
- Дали имате доволно капацитети, ресурси и/или партнерства потребни за да се
справите со вашето прашање за застапување?
- Дали со решавањето на ова прашање ќе се промовираат правата на сексуалните
работници во поширокото општество?
38