Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 39
Модул 1
СТАР-СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот
традиционално секоја година организира кампања по повод одбележувањето
на 17-ти декември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз
сексуалните работници. Кампањата се состои од протестен марш на
Цревниот чадор, делење на црвени чадори како глобален симбол на
сексуалната работа, делење на промотивни материјали, и организирање на
уметнички перформанси. Целта на кампањата е да се подигне јавната свест
за постоењето на голем број на сексуални работници во Р. С. Македонија и да
се потенцира застрашувачката состојба за безбедноста и супстандардните
услови во кои тие живеат и работат, како и да се намали дискриминацијата и
насилството со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група. Покрај
овој значаен ден, сексуалните работници во нашата земја ги одбележуваат и
3-ти март, Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, 1-ви
мај, Меѓународниот ден на трудот и 2-ри јуни, Меѓународниот ден на
сексуалните работници.
П римери за вежби и активно вклучување на учесниците:
Power point презентација Бр.1: Активизам на сексуалните работниции и
стратегии за застапување
Изработете Power Point презентација во која ќе ги вклучите клучните компоненти
опишани погоре во Модул 1, а кои се однесуваат на активизмот на сексуални
работници и стратегиите за застапување на правата на сексуалните работници.
В реметраење:
40 минути, вклучувајќи го и делот на дискусија по
завршување на презентацијата.
П отребни материјали: лаптоп, проектор, нотеси или тефтери за учесниците,
пенкала
Вежба Бр.1: Разработување работен план за застапување
В реметраење: 60 минути
П отребни материјали: флип чарт табла, стикери, хартија А4 формат, пенкала,
маркери
37