Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 38

Модул 1 Сексуалните работници во РС Македонија бараат депенализација и декриминализација на сексуалната работа како законска реформа. Сексуалните работници лобираат кај политичките партии и институциите сметајќи на нив како потенцијални сојузници во борбата против дискриминацијата и стигматизацијата, како и за заштита на нивните основни човекови права. 8.6. Креирање јавни настани и кампањи Организирање јавни настани и кампањи е еден од начините за застапување како и за развивање на активизам кај сексуалните работници. Во суштина, кампањите се организиран континуиран напор за постигнување одредена социјална правда или општествена промена. Кампањите се дефинирани од претходно определени цели како што на пример: подигнување на свеста кај општата популација во однос на некое социјално прашање, намалување на стигмата и дискриминацијата, промена на законите кои ја таргетираат сексуалната работа и сл. Организирањето јавни настани и кампањи имаат за цел да вршат постојан притисок на подолг период. Затоа е многу важно да се земат предвид сите компоненти за организирање на успешна кампања, а тоа се: – идентификување на проблемот; – дефинирање на целната група; – воспоставување стратешки цели; – проценка на ресурсите и моменталната состојба; – регрутација, т.е. мобилизирање голем број луѓе кои ќе учествуваат во кампањата од членови на заедницата, па се до активисти, партнери, поддржувачи и сл.; – комуникација со медиуми (покани, соопштенија, прес и сл.); – ресурси кои се потребни за спроведување на кампања (финансии, време, човечки ресурси, енергија и сл.); – спроведување на акцијата; – промоција на кампањата (пред, за време, потоа со користење на социјални медиуми). Кампањата има за цел да го адресира проблемот на сексуалните работници до клучни донесувачи на одлуки, при тоа да овозможи поддршка од потенцијални активисти и секако општата јавност (или други целни групи). Кампањата може да ги вклучува следниве акции: Едукација: Делење промотивни материјали и пакети, организирање едукативни работилници, користење социјални медиуми за пренесување на пораката, изработка предлог проекти до политички и/или граѓански организации, пишување статии за заедницата на сексуални работници во весници и блогови. Јавни демонстрации: Организирање протестни маршови, организирање јавни настани (културни, уметнички и сл.), поставување јавни штандови, организирање давање соопштенијапред медиуми, креирање постери и банери, директни акции вклучувајќи јавни блокади и сл. 36