Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 37
Модул 1
8.3. Што претставува застапување на правата на сексуалните работници?
Застапувањето на правата на сексуалните работници претставува било каква акција
која има за цел да донесе посакувана промена во политиката или законодавството за
сексуалната работа. Застапувањето на правата на сексуалните работници преставува
процес на поврзани дејства кои кога се комбинираат донесуваат промени за некое
политичко или социјално прашање. Креаторите на политики и други клучни
носители на одлуки треба да ги земат предвид потребите и правата на сексуалните
работници во креирањето на своите политики. Застапувањето вклучува јакнење на
свеста, едукација и комуникација за промена на некое општествено влијание или
однесување 5)
8.4. Стратегии за застапување на правата на сексуалните работници
Искуството на сексуалните работници покажува дека застапувањето на правата на
сексуалните работници е успешно кога се има јасно дефинирана цел (што сакаме да
постигнеме) со превземање на реални акции и употреба на соодветни средства и
вклучување на клучни актери за реализирање на тие акции. Застапувањето на
правата на сексуалните работници секогаш треба да биде насочено кон одредена
група луѓе барајќи од нив да ги направат конкретните промени кои се посакувани од
страна на заедницата на сексуални работници.
8.5. Начини на застапување и лобирање
Заедницата на сексуални работници во РС Македонија користи повеќе алатки за
застапување и лобирање кај општата јавност и институците. Преку учество на
трибини, работни состаноци, тркалезни маси, сексуалните работници јавно говорат
за проблемите и потребите на заедницата. Потоа преку креирање на јавни настани,
видео активизам, споделување на активности на социјалните мрежи, профили и
медими, едукативни работилници како за зајаканување на заедницата, така и
работилници наменети за сите засегнати страни како што се социјални, правни и
здравствени работници, новинари, претставници од полиција и сл, и одбележување
на денови кои се значајни за заедницата се работи на подигнување на свеста кај
општата јавност и се промовира сексуалната работа како слободен избор на
професија. Со истражување на ставовите помеѓу сексуалните работници во однос на
правните законски рамки за регулација на сексуалната работа во РС Македонија,
како и едукативни работилници за модели за регулација и активизам за заедницата
се работи на подобрување на законската легислатива која ги таргетира сексуалните
работници. Со креирање на активности за застапување и регулирање на сексуалната
работа во РС Македонија се работи на зајакнување на капацитетите на заедницата за
антидискриминација и депенализација/декриминилизација на сексуалната работа.
Со организирање работилници за подигнување на свеста кај сексуалните работници
за основните човекови права и документирање на случаи на прекршување на
правата на сексуалните работници во континуирана соработка со други граѓански
организации се зголемува превенцијата и реакцијата против насилството врз
сексуалните работници.
5)
http://www.sexworkeurope.org/sites/default/files/resource-pdfs/hands_off_sections_1-3.pdf
35