Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 36
Модул 1
промена во репресивната законска рамка и негативните социјални ставови кон
сексуалната работа.
Со матично седиште во Скопје, СТАР-СТАР започнува со мобилизација на сексуалните
работници низ повеќе региони во Република Северна Македонија, поддржувајќи ги
локалните лидери и зајакнувајќи ги членовите на заедницата и во други градови,
вклучувајќи ги и Струмица, Гостивар, Тетово и Струга. Настојувајќи да создаде
поволна средина за растење и унапредување на заедницата, ги вклучува сите
сексуални работници во своите активности, без оглед на нивниот пол, род,
сексуална ориентација, етничко потекло, верска припдност, социјален и работен
статус.
СТАР-СТАР во периодот од април до мај, 2016 година, спроведе истражување за
потребите и проблемите на сексуалните работници во два региони
(северозападниот и југоистичниот) во РС Македонија. Како цел на ова
истражувањето беше постоењето на сервиси и нивното користење од страна на
сексуалните работници од Гостивар и Струмица во делот на социјалната, правната
и здравствената заштита, како и пристапот на полицијата. Покрај основната цел
на истражувањето, беа опфатени и други аспекти кои се од интерес на заедницата
сексуални работници, односно делот на доброволната сексуална работа,
препознавањето на дискриминацијата, познавањето на основните човекови права и
познавањата од правата за социјална заштита.
Анализата на состојбата и потребите на сексуалните работници во Гостивар и
Струмица поттикна да се роди нова идеја на СТАР-СТАР, т.е да започне со
формирање на два ограноци: СТАР – Запад и СТАР – Исток. Од мај 2016, СТАР-СТАР
започна со реализирање на овој нов проект и воспоставување на ограноци во
Гостивар и Струмица.
На 22 Јули, 2018 година СТАР-СТАР ја отвора регионалната канцеларија во Гостивар,
кој е географски лоциран централно во западниот дел од државата, како база за
поддршка на сексуалните работници кои живеат и работат во овој дел од земјата.
Денес, СТАР-СТАР е дел од Граѓанскиот сектор промовирајќи ги своите аспирации,
придонеси и потреби, стремејќи се кон отворено општество кое знае да ги
препознае, прифати и почитува различностите.
СТАР-СТАР и сексуалните работници веруваат дека почитувањето на основните
човекови права и слободи и правото на слободен избор на професија се основните
принципи за здраво, толерантно и слободно општество.
34