Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 35

Модул 1 наоѓале во центарот на голем број протесни акции. Во 1974 година, сексуалните работници во Етиопија пристапиле кон новоформираната Конфедерација на слободни работни синдикати и се вклучувале во низата штрајкови кои пак придонеле за падот на владата. Во Европа, генерално активистичките движења на сексуалните работници започнале од 1975 година, кога сексуалните работници во Франција ја окупирале црквата во Лион, во знак на протест против криминализацијата, насилството и полициската опресија. Во текот на осумдесеттите години, движењата за права на сексуалните работници почнале да стануваат се повеќе меѓународни. Првиот и вториот Конгрес на сексуални работници се одржал во Амстердам и во Брисел, а почнале да се појавуваат и нови групи сексуални работници во Австралија, Тајланд, Бразил, Јужна Африка и Уругвај. Во 1997 година, околу 4000 сексуални работници влегле во историјата, на првата Национална конференција на сексуални работници во Индија, организирана од страна на Durbar Mahila Samanwaya Committee (DMSC). На наредната конференција која се одржала во 2001 година, бројот на сексуални работници се зголемил на 25,000, кои биле дојдени во Калкута да си ги изнесат своите барања. Во Боливија, во 2000-та година, 35 илјади сексуални работници од сите краеви на земјата учествувале во низа колективни акции против полициското насилство и затворањето на нивните работни места. „Се бориме за нашето право на работа и за опстанок на нашите семејства“, изјавила Лили Кортес, водач на Асоцијацијата на ноќните работници „Ел Алто“. Активистичкото движењето на сексуалните работници низ историјата користело различни методи за справување со насилството, стигмата, дискриминацијата, криминализацијата, лошите работни услови и недостатокот на права. Заедничкото дејствување и организирањето протести се само дел од алатките кои сексуалните работници ги користеле во борбата за препознавање на нивните човекови права. Историја на СТАР-СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот Од 2007 до 2010 година, СТАР-СТАР претставуваше активистичко движење на група млади луѓе кои имаа една заедничка цел – унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Македонија, притоа активно вклучувајќи ги лицата од сексуалната индустрија во имплементација на своите активности. Со намера да ја промовира важноста на цивилниот сектор во процесот на демократското управување, кон средината на 2010 година СТАР-СТАР поднесе иницијатива за влез во Централниот регистар на Р.С.М. На 25.05.2010 година СТАР- СТАР беше заведен во Централниот регистар како Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР. Во 2011 година, во соработка со блиски партнери и поддржувачи СТАР-СТАР почна да работи на организацискиот развој на СТАР-СТАР, да ги зајакнува организациските капацитети и да ја мобилизира заедницата. Главни цели на организацијата се заштита и унапредување на правата на сексуалните работници, борба против дискриминацијата и стигмата со кои тие секојдневно се соочуваат, како и застапување на заедницата сексуални работници за 33