Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | 页面 34

Модул 1 М одул 1 има за цел да ја зголеми свеста и разбирањето за различните методи на активизам и застапување што ги користи заедницата на сексуални работници на национално и меѓународно ниво. Во ова поглавје ќе се осврнеме на историјата на активизмот на сексуалните работници, стратегии за застапување, културен активизам, градење сојузи, градење заедници, медиуми, креирање јавни настани и кампањи, директни акции и организирање протестни маршови. К лучни информации кои треба да ги знаете од Модул 1 се следниве: 8.1. Што претставува активизам на сексуалните работници? Активизмот претставува преземање соодветна акција за постигнување на определена цел како што се промени на социјално, политичко, економско или еколошко ниво. Активизмот вклучува поединци или заедници кои вложуваат напор и користат најразлични тактики со цел да дојдат до посакуваната промена во општеството и за подигнување на свеста околу некое прашање и/или влијание. 4) 8.2. Историја на активизмот на сексуалните работници Почетокот на активистичкото движење на сексуалните работници во Европа датира уште од 15-иот век, кога во германската провинција Баварија, голем број сексуални работници се собрале на масовен протест пред Градското собрание барајќи ги своите права, при тоа истакнувајќи дека сексуалната работа е само работа, а не грев, како што повеќето ја сметале во тоа време. Во далечната 1917 година, околу 200 сексуални работници марширале во Сан Франциско, протестирајќи против одлуката за затворање на борделите. Нивниот протестен марш бил наречен „Првиот женски марш“. Една од организаторите на маршот изјавила: „Скоро секоја од овие жени тука е мајка и се зависи од неа. Нема да постигнете ништо добро со тоа што не напаѓате, наместо тоа, зошто не почнете да работите на подобрување на лошите економски услови?“ Пример за меѓусебната грижа кај заедницата сексуални работници датира уште од 19-иот век. Во Велика Британија и во Ирска, сексуалните работници се организирале во заедници и си давале меѓусебна помош, си ги делеле приходите и заедно се грижеле за своите деца. Еден новинар во тоа време забележал: „Главниот принцип на едно здраво општество е меѓусебното делење на добра ... кога во тешки времиња едно или повеќе семејства им помагаат на други. Се што заработуваат оди во една каса и од истата се обезбедуваат основните потреби за сите“. Храброста и отпорноста на сексуалните работници игра голема улога во многубројните борби за слобода. Во 50-ите години од минатиот век, сексуалните работници биле дел од активистичкото движење познато како Мау Мау, кое довело до ослободување на Кенија од Британската колонијална влада. Во 60-ите и 70-ите години од минатиот век, сексуалните работници учествувале во бунтот кренат во неколку кафулиња во центарот на Њујорк за ослободување на ЛГБТ заедницата во САД. Во време на брзи општествени промени, сексуалните работници често се 4) 32 http://www.sexworkeurope.org/sites/default/files/resource-pdfs/hands_off_sections_1-3.pdf