Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 33

Модул 1 8. МОДУЛ 1: Застапување и активизам кај сексуалните работници С ексуалните работници се неприфатени во општеството, а сепак многу малку знаат дека токму сексуалните работници се тие кои ги создале први општествените движења низ целиот свет. Сексуалните работници во Европа и во светот се организираат многу години наназад, учествувајќи на улични протести и штрајкови како реакција на затворањето на нивните работни места или поради неприфаќање на лошите работни услови. Сексуалните работници ширум светот се вклучуваат во организирани протестни маршови за борба против насилството, против стигматизација и дискриминација во сите сфери од нивното живеење, лоши политики и закони, при тоа барајќи си ги своите права, како и полесен пристап до правни и социјални услуги и здравствена заштита. Сексуалните работници формираат заедници или здруженија кои можат да бидат разновидни и да вклучуваат мажи, жени, трансродови лица, ЛГБТИ, мигранти, самохрани родители и сл. Заедницата на сексуални работници може да биде од формален или неформален тип и може да дејствува самостојно или пак во коалиција со други здружениа и поддржувачи во своите граѓански акции за промоција на своите интереси и потреби, како и за заштита и промоција на своите права и слободи. Активистичкото движење на една заедница на сексуални работници не е повик само за регулација на сексуалната работа во земјите каде што истата е нелегализирана или пак криминализирана, туку и активно вклучување во борбата против сите видови на насилството, хомофобијата, трансфобијата, расизмот, сексизмот, ксенофобија и други видови на дискриминација и стигма како од страна на општата јавност така и од државните институции. Бидејќи сексуалните работници се маргинализирани и социјално исклучени во општеството, истите се соочуваат со низа проблеми кои имаат големо влијание врз нивниот живот. Сексуалните работници често се исклучени од процесите на креирање на јавни политики и одлуки кои се важни за нивното здравје и благосостојба. Затоа, често сексуалните работници се здружуваат и организираат јавни кампањи како една од начините за самозастапување. Постојат различни методи и алатки кои заедницата на сексуални работници ги користат ширум светот да ги искажат своите грижи и барања и да ги испратат своите пораки до креаторите на јавни политики и други главни донесувачи на одлуки. Најчеста метода за застапување која ја користат сексуалните работници е преку организирање на јавни кампањи и настани со цел подигнување на свеста кај општата јавност. Застапувањето, исто така може да има за цел да ја подигне јавната свест и едукација за проблемите на сексуалните работници насочени кон различни групи на граѓанското општество вклучувајќи ги феминистичките, мигрантските, ЛГБТИ организациите, како и даватели на здравствени услуги за ХИВ и СРЗ, новинари и сл. 31