Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 30
Модул 0
Групни правила
Креирањето групни правила има за цел да обезбеди продуктивна работа во текот на
обуката, ќе придонесе кон остварување на целите и задачите и ќе помогне во
развивање на динамична и конструктивна работна група. Обучувачот заедно со
учесниците ги развиваат групните правила според кои ќе се водат во текот на целата
обука. Овие правила треба да се почитуваат како од учесниците, така и од страна на
обучувачите.
Заедно со учесниците, обучувачите ги објавуваат правилата и ги запишуваат на
флипчарт. Правилата треба да бидат случајно предложени од страна на учесниците.
Обучувачите додаваат некои задолжителни правила, кои не се предложени од
групата.
Препораки за групни правила:
• Користење телефони - Телефоните треба да бидат исклучени или ставени
на нечујно.
• Ознака за име - Секој од учесниците треба да го напише своето име или
псевдоним на лист хартија и да ја стави пред себе.
• Дозвола за фотографирање - Сите учесници треба да дадат согласност за
фотографирање, како и за понатамошна употреба на нивните фотографии од
страна на организаторите (на пример, во публикации, на вебстраницата на
организацијата или социјалните мрежи). Доколку некој од учесниците изјави
дека не сака да се фотографира, обучувачот треба ја означи личноста, како на
пример со ставање на симбол за забрана за фотографирање до ознаката за
име.
• Толеранција/ меѓусебно почитување - Сите учесници треба меѓусебно да
се почитуваат и да имаат пријателски и толерантен однос кон ставовите и
мислењата на другите луѓе.
• Правило „еден зборува други слушаат“ – Ова правило е од суштинско
значење за успешна меѓусебна комуникација. Дозволете му на другиот да го
искаже своето мислење без да му упаднете во збор. Ова правило важи
подеднакво и за обучувачот и учесниците.
• Времетрање на сесија - Секоја сесија треба да започне и да заврши строго
во согласност со времето наведено во агендата.
• СТОП правило - Во случај ако дискусијата излегува надвор од фокусот на
предвидената тема или пак станува премногу емотивна, обучувачите можат да
го користат ова правило и да ја прекинат дискусијата.
• Индивидуален излез/влез - Секој учесник може да ја напушти просторијата
за време на сесиите, доколку има потреба од тоа, но учесниците не треба да го
прават тоа по двајца, тројца или во поголеми групи.
• Доверливост – За сè што се случува или разговара за време на обуката не
треба да се открива или дискутира надвор од работната просторија. Ова се
однесува на лични информации, а не се однесува на теоретски информации
пренесувани за време на обуката. Ова правило им овзоможува на учесниците
да се чувствуваат слободно и да имаат доверба во групата.
28