Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 29

Модул 0 *Напоменете им на учесниците доколку не сакаат да го напишат своето име и презиме, може да користат и псевдоними. Псевдоним е фиктивно име што се користи од страна на лице, а понекогаш и група со цел да го сокрие вистинскиот идентитет. Претставување на учесниците Обучувачот ги замолува учесниците да се претстават пред групата. Побарајте од секој учесник да го каже своето име или псевдоним, од каде доаѓа и кои се неговите/ нејзините интереси и очекувања. Со цел да го направите претставувањето понеформално, може да користите и стимулирачки вежби. П римери за стимулирачка вежба за меѓусебно запознавање на учеснците: Вежба Бр.1: Име и факт В реметраење: 15 минути Сите учесници седат во круг. Првиот учесник треба да го каже своето име и еден факт за него (омилена храна, најрано сеќавање, адреса, итн.) Вториот учесник повторува што кажал првиот учесник, поточно го кажува името и фактот и продолжува со кажување на сопственото име и факт. Последниот учесник ќе треба да ги каже имињата и фактите на сите учесници. По завршување на сите учесници, се замолуваат сите учесници да ги сменат своите места на седење и се замолува еден волонтер да се обиде да ги каже имињата на учесниците и фактите кои претходно ги споделија. Вежба Бр.2: Кој сум јас? В реметраење: 25 минути П отребни материјали: хартија А4 формат, пенкала, маркери Учесниците се делат на две групи. Секој учесник добива еден бел лист на кој треба да го напише фактот за себе од вежбата име и факт и уште два други факти за себе. На пример, имам милениче куче; сакам да јадам пица; роденден ми е во мај. Секој учесник во својата екипа ги кажува трите факти кои ги напишал. Обучувачот ги собира картичките од двете екипи во два купа. Извлекува една картичка и ги чита напишаните факти и спротивниот тим треба да погоди за кого се работи. Секој тим добива поени, доколку се погоди личноста на првиот факт добиваат 5 поени, на вториот 2, на третиот 1 и 0 доколку не ја погодат личноста. Тимот со повеќе поени победува. 27