Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 28
Модул 0
7.7. Вовед во обука
П очетната сесија е важен сегмент на секоја обука. Пред започнување на
обуката потребно е да се одвои време за претставување на учесниците и
обучувачите или организаторите. Креирањето на безбеден и удобен простор,
поставувањето на целите и правилата кои треба да се следат и почитуваат за време
на работните сесии како и одговарањтое на сите организациски и логистички
прашања се дел од една почетна сесија за успешна реализација на обуката.
П ретставувањето
на учесниците и обучувачите има за цел да оствари
меѓусебна конекција која ќе трае за време на целата обука.
Ч екори кои треба да ги следите за време на почетната сесија се следниве:
Официјално отворање и претставување на обучувачите
Посакајте им добредојде на учесниците и започнете со личното претставување.
Кажете го Вашето име и презиме, од која организација/здружение доаѓате,
работната позиција, која е Вашата улога за време на обуката и секако доколку сакате
можете да им откриете и некои детали од вашиот личен/приватен живот со цел да
направите удобна и опуштена атмосфера за работа. Исто така, многу е важно да ги
споделите целите и задачите на обуката со учесниците.
Регистрација на учесниците
Пред да започнете со обуката, замолете ги учесниците да ги пополнат формуларите
за регистрација (Види прилог 1: Пример на регистрација на учесници)
Формуралот за регистрација содржи:
• Име на обуката/работилницата/семинарот
• Организатор
• Место и датум на одржување
• Листа на учесници
Замолете ги учесниците да ја пополнат листата на учесници внесувајќи ги своите
лични податоци. Објаснете им на учесниците како се чуваат, дистрибуираат и
користат листите на учесници. Секој од учесниците има право да не ги сподели
своите лични информации доколку не сака. Листата на учесници ги содржи следниве
информации:
26
• Име и презиме на учесникот*
• Организација од која доаѓаат
• Професија
• Телефон
• Емаил адреса
• Потпис