Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 27

Модул 0 7.6. Интеракција со учесниците Предвидената обука со сексуални работници ќе биде успешна само ако е постигната успешна интеракција со учесниците. Ова подразбира активно вклучување на сексуалните работници за време на сесиите како и работните задачи и вежби. За да се постигне посакуваната интеракција со учесниците потребно е: – Мотивирање на учесниците преку различни активности и стимулирачки вежби. Обидете се да го поттикнете учеството и да ја олесните вклученоста на сите учесници на обуката преку интерактивни вежби во кои ќе се вклучат сите учесници распоредени во помали групни дискусии. – Отворен пристап. Доколку сметате дека е во ред, исто така можете да им пристапите за време на паузата и да прашате дали се чувствуваат безбедно во групата и да побарате од нив да се ангажираат. Запомнете, не треба да бидете упорни во тоа, сепак некои луѓе не се чувствуваат удобно да зборуваат. Не се обидувајте да ги натерате да зборуваат доколку сметаат дека не се подготвени да се вклучат во дискусија. – Воспоставување коректен однос со учесниците. Внимавајте, никогаш да не доминирате за време на сесиите и да им оставите простор на учесниците да ги кажат своите мислења. Исто така, многу е важно да ги земете во предвид сите коментари и повратни информации дадени од страна на учесниците. – Воспоставување коректен однос помеѓу учесниците. Колку што е важно за еден обучувач да има коректен однос со своите учесници, исто така многу е важно учесниците да се почитуваат меѓусебно. Доколку забележите дека некој од учесниците во групата доминира или пак постојано зборува, најљубезно замолете го да им отстапи време на останатите учесници да зборуваат. – Добивање повратни информации. Пред почетокот на обуката прашајте ги учесниците за нивните очекувања и потреби. Слушнете ги нивните мислења и потреби и доколку е возможно спроведете ги во текот на сесиите. Доколку не можете да направите промени во програмата за работа, земете ги во предвид нивните предлози за некоја наредна обука која ќе вклучува иста или слична група на учесници. – Евалуација. Многу е важно однапред да испланирате стратегија за проценка на Вашата обука. Можете да го оцените знаењето на вашите учесници користејќи формулари за евалуација, пред и пост-тест, кратки прашалници и сл. Со анализа на информациите добиени од страна на учесниците, ќе имате можност подобро да се подговите за следната обука. – Дебрифинг. По завршувањето на обуката, спроведете сесија за дебрифирање помеѓу обучувачите и активистите во заедницата. Идентификување на силни и слаби страни од веќе спроведената обука, како и научените лекции ќе Ви овозможат да реализирате поуспешна обука во иднина. 25