Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 26

Модул 0 потребно е покрај горе наведените информации, да ги информирате учесниците за начинот на превоз и хотелот во кој ќе бидат сместени, т.е. каде ќе се одржува обуката. Потребно е навремено споделување на сите логистички детали и деталната агенда со учесниците со цел успешна реализација на сите активности и сесии предвидени за работа во текот на обуката. 7.4. Подготовка на просторот Подгответе го просторот за обука или пак организирајте луѓе да Ви помогнат околу тоа со цел да направите на учесниците да им биде удобно. При организирање на обука, многу е важно да побарате информации од самите учесници за нивните конкретни потреби. Местото на одржување на обуката треба да биде безбедно за учесниците и да им ја гарантира приватноста и доверливоста на учесниците. Осигурајте се дека целата опрема (лаптоп, проектор, WiFi и сл.) која сакате да ја корисите за време на обуката е достапна и функционална. Проверете однапред дали знаете како да ракувате со опремата. 7.5. Безбеден простор за обука Заедницата на сексуални работници секојдневно се соочува со стигма и дискриминација. Тие се изложени на секојдневни осуди и неправедни третмани од страна на општеството и институциите, како и во своето блиско опкружување поради нивната инволвираност во сексуалната работа, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, здравствениот статус, етничката припадност, потеклото и националноста. Затоа е многу важно да се креира безбеден, удобен простор за обука, во кој сексуалните работници нема да се чувствуваат загрозено по ниту еден од горенаведените основи. Како една од алатките која може да ви помогне околу креирањето на безбеден простор за учесниците се следниве примери на правила кои Вие како обучувач треба да ги почитувате: Почитувајте ги учесниците. Многу е важно сите учесници да добијат еднаков третман, без разлика на нивниот статус, етничка припадност, род, пол, сексуална ориентација и сл. 24 – Не осудувајте! Бидете отворени за разговор со секој од учесниците. Не претпоставувајте дека го знаете идентитетот, животното искуство или пак историјата на некој од учесниците, дозволете самите сексуални работници да споделат со вас доколку сакаат. – Почитувајте ја приватноста. Не ги прашувајте учесниците за нивното минато, партнери, интимни односи, сексуални практики, имиња и сл. без нивна претходна дозвола. – Почитувај ги различностите. Сите лични идентитети, мислења, ставови и искуства се подеднакво валидни и важни. – Бидете доверливи. Не ја откривајте интимноста на учесниците. Сите искуства, информации и мислења споделени за време на обуката треба да останат доверливи и забрането е нивно споделување со други лица. – Зборувајте јасно и разбирливо. Внимавајте како им се обраќате на Вашите учесници, потребно е да користите јазик кој ќе биде разбирлив и јасен за сите, со цел истите да го разберат она што го зборувате.