Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 25

Модул 0 – Сексуални работници – мигранти и – Млади сексуални работници. Овие целни групи работат на отворена сцена (на улица) и на затворена сцена (апартмани, хотели, клубови, салони за масажи). Секоја подгрупа има различни интереси и се соочува со различни проблеми и потреби. Пред започнување на обуката, Вие како обучувач, ќе треба добро да ја запознаете групата на учесници со цел да ги осознаете нивните интереси и приоритети. Ова ќе ви помогне да ги поставите насоките и целите на обуката со цел истата да даде добри резултати. Пред да започнете со креирање на работниот план и програма, направете проценка на потребите на потенцијалните учесници во обуката со цел добро да ги изберете темите на кои би сакале да се фокусирате. Пред да започнете со Вашата презентација неопходно е да се информирате за: – Моменталната состојбата на вашата целна група; – Посебни прашања/проблеми работници во земјата; – Национални упатства, протоколи, стратегии или политики за превенција од ХИВ; – Политики или закони во земјата кои ја таргетираат сексуалната работа; – Меѓународни договори за човекови права и антидискриминација во земјата; – Извештаи од граѓански организации за кршење на човековите права на сексуалните работници во земјата; – Статистички податоци за злосторства од омраза и насилство врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет; – Документирани случаи на насилство и дискриминација врз сексуалните работници од страна на поединци, институции и/или полиција. со кои се соочуваат сексуалните 7. 3. Подготовка на агендата Подгответе ја агендата за работа барем 10-ина дена однапред, со цел да им ја доставите на учесниците барем 1 до 2 дена пред започнувањето на обуката. Во агендата треба да бидат вклучени следниве информации кои ќе им бидат од корист на учесниците: – Наведете говреметрањето на обуката; – Наведете ја локација на одржување на обуката; – Опишете ги сесиите и активностите предвидени за успешна реализација на обуката; – Наведете информации за предвидените паузи за кафе и ручек; – Наведете информации за дополнителни активности и вежби доколку ги има; – Споделете ја агендата со потенцијалните учесници и побарајте повратна информација. Доколку обуката е повеќе од еден ден (дводневна, тродневна и сл.), во тој случај 23