Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 24

Модул 0 7. МОДУЛ 0: Подготовка на обучувачите 7.1. Претходна подготовка Пред да планирате и организирате обука за заедницата, потребна е претходна соодветна подготовка со цел да се обезбеди успешна реализација. Овој тренинг модул содржи 4 поглавја: 1. Вовед во обука, 2. Застапување и активизам кај сексуалните работници, 3. ХИВ превенција, тестирање, третман и поддршка и 4. Човекови права и право на здравје. Секое поглавје содржи краток преглед , клучни информации, предлози, вежби и потребни материјали за реализирање на обуката. Потребно е обучувачите да се запознаат со заедницата, да ги идентификуваат нивните проблеми и потреби и да го прошират своето знаење за нив. Пред да започнете со обуки, внимателно прочитајте го овој прирачник и добро подгответе се. Овој тренинг модул содржи вежби и материјали, кои можете да ги прилагодите во однос на контекстот на обуката, како и потребите и очекувањата на учесниците со цел истите да бидат корисни. Основната идеја на овој тренинг модел е да се направат промени врз животот и здравјето кај заедницата на сексуални работници, со цел: – Да се намали насилството, малтретирањето, дискриминацијата, стигмата од страна на општеството и државните институции; – Да се подобрат условите во кои сексуалните работници живеат и работат; – Да се подобрат законските мерки кои ги ограничуваат основните права и слободи на сексуалните работници; – Да се олесни пристапот на сексуалните работници до здравствените услуги за ХИВ и СРЗ (сексуално и репродуктивно здравје); – Да се мотивира заедницата за заедничко делување и застапување на своите човекови права; – Да се зајакне заедницата за лобирање кај клучни донесувачи на одлуки за подобрување на законските рамки кои ги таргетираат сексуалните работници. 7.2. Прилагодување на планот за обука За успешна реализација на обуката, потребно е да го прилагодите планот за работа според учесниците и околностите. Заедницата на сексуални работници вклучува неколку подгрупи: 22 – Женски, машки, МСМ (мажи кои имаат секс со мажи) и трансродови сексуални работници; – Сексуални работници корисници на дроги;