Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 31
Модул 0
Разговарајте со учесниците за секое од предложените групни правила и замолете ги
да дадат согласност или пак свој предлог. Правилата можете да ги напишете на
флипчарт и да ги поставите на видливо место во просторијата.
Пополнување на пред евалуационен тест
На секој од учесниците им се дава доверлив формулар на пред-тест за проценка на
знаењата. Формуларите за проценка на знаењето треба да се развиваат посебно и
согласно интересите и потребите на секоја целна публика. Пред-тестот има за цел да
го покаже степенот на знаење кој учесниците го поседуваат пред започнување на
обуката. Учесниците треба да одговорат на прашањата кои се вметнати во тестовите.
Пред да започнат со одговарање на прашањата од пред-тестот, најавете им на
учесниците во групата дека ова не е испит и дека нема точен или неточен одговор во
прашалникот. Напоменете им на учесниците дека покрај се, тие се тука за да научат.
(Види прилог 2: Пример за пред-тест)
Пополнување на пост евалуационен тест
По завршување на обуката на секој од учесниците им се дава доверлив формулар на
пост-тест за проценка на знаењето. Пост-тестот има за цел да го покаже степенот на
знаење кој учесниците го поседуваат по завршување на обуката. Пополнувањето на
пост-тестот ќе им помогне во унапредување на знаењето од вакви или слични
области на следни работилници, тренинзи или семинари. (Види прилог 3: Пример
за пост-тест)
Пополнување на прашалник за евалуација
По завршување на обуката, покрај пост-тестот, на учесниците им се дава и прашалник
за евалуација за оценка на очекувањата и задоволството од страна на учесниците од
презентираните информации и сите логистички детали за време на обуката. (Види
прилог 4: Пример за прашалник за евалуација)
Официјално затворање и доделување на сертификати
На официјалното затворање на обуката, заблагодарете им се на учесниците за
нивното присуство и одвоеното време. Потоа започнете со доделување на
сертификатите на секој од учесниците, секако доколку истите се предвидени за
Вашата обука.
29