ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 9
Вакцинација, дијагноза и третман на вирусен хепатитис;
Социјална поддршка/помош;
Правна помош (обновување и промена на документи, правни
консултации);
Можност за волонтирање и учество во развојот на движењето на
сексуалните работници/чки
Сите учесници од фокус групата ги препознаа услугите поврзани со ХИВ
тестирање, пред и пост советување за ХИВ тестирање, информации, едукации и
советување за прашања поврзани со превенција од ХИВ за сексуални работници,
услуги од медицински специјалисти, услуги од психолог/психотерапевт,
услуги од центри за сексуални работници, превенција и третман на сексуално
преносливи инфекции, обезбедување пристап до кондоми и лубриканти.
Да, познати ни се повеќето услуги и дел од нив користиме. Јас редовно се
тестирам за ХИВ во комбето. – сексуална работничка.
Психијатар имаме, преку ХОПС, еве јас денес сум на средба со психијатар од 4
часот – сексуална работничка.
Одам на гинеколог, правам ехо снимање, во Младинскиот центар „Сакам Да
Знам“. – сексуална работничка.
Јас одев на прегледи во Воена болница без пари. Ме придружуваа од ХОПС. –
сексуална работничка.
Половина од учесниците ја препознаа социјалната и правната помош
како и можноста за волонтирање и учество во развојот на движењето
на сексуалните работници/чки. Повеќето од сексуалните работници/
чки се вклучуваат во активностите и кампањите на невладините
организации со цел да се зголеми видливоста на заедницата во јавноста.
9