ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 10

ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРАВСТВЕНИ, СОЦИЈАЛНИ И ПРАВНИ УСЛУГИ Да знаеме, идеме кај женските. (се мисли на социјалните работници ангажирани од страна на невладината организација ХОПС, кои им нудат социјална поддршка на сексуалните работници) – сексуална работничка. Имаме и адвокатка ако ни треба. – сексуална работничка. Постои можност, да. Се вклучуваме во кампањата за 17-ти декември од СТАР-СТАР. Не викаат да учествуваме. – трансродова сексуална работничка Ниту еден од учесниците не ја препозна услугата за вакцинација, дијагноза и третман на вирусен хепатитис. Тоа немаме. – трансродова сексуална работничка. 4.1 Потребни услуги Во овој сегмент од дискусијата, беа опфатени следниве релевантни клучни прашања во однос на тоа кои од наведените услуги им се најпотребни на младите сексуални работници/чки во моментов, а кои од услугите им се помалку потребни; кои од услугите им се достапни, а кои не им се достапни; кои од услугите кои не им се достапни, а би сакале да ги добиваат. Учесниците во фокус групата ги издвоија следниве услуги како најпотребни во моментов: обезбедување кондоми и лубриканти, ХИВ тестирање, услуги од медицински специјалисти, услуги од дневните центри за сексуални работници/ чки, превенција и третман на сексуално преносливи инфекции, правна помош, услуги од психолог/психијатар. Како помалку потребни услуги ги наведоа следниве: вакцинација, дијагноза и третман на вирусен хепатитис, пред и пост советување за ХИВ тестирање, информации, едукација и советување за прашања поврзани со превенција од ХИВ за сексуални работници/чки, социјална подршка на прашања поврзани со ХИВ/СИДА, и можноста за волонтирање и учество во развој на движењето на сексуалните работници. Потребно е да ги имаш сите услуги, да имаш можност да одиш на здравствени прегледи, да одиш на гинеколог. – сексуална работничка. Потребата од гинеколошки прегледи и тестови за СПИ ја истакнаа сите женски сексуални работници, учесници/чки во дискусијата. Мора да правиме тестови за СПИ, кога ќе ти дојде клиент, не знаеш со кого си имаш работа. Може на прв поглед ти изгледа вака чист и убав, но тоа не значи дека е здрав. – сексуална работничка. 10