ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 11
Како помалку потребни услуги ги наведоа следниве: вакцинација, дијагноза
и третман на вирусен хепатитис, пред и пост советување за ХИВ тестирање,
информации, едукација и советување за прашања поврзани со превенција од
ХИВ за сексуални работници/чки, социјална поддршка за прашања поврзани
со ХИВ/СИДА и можноста за волонтирање и учество во развој на движењето на
сексуалните работници/чки. Во однос на потребата за овие услуги, треба да се
истакне пред се неинформираноста кај сексуалните работници/чки во однос
на користење на истите. Овие услуги им се достапни, меѓутоа поголем број од
нив не ги препознаваат, но сепак ги користеле преку граѓанските организации.
Учесниците во фокус групата ги наведоа следниве услуги како достапни
услуги за сексуалните работници/чки: ХИВ тестирање, пред и пост советување
за ХИВ тестирање, услуги од медицински специјалисти, од кои најмногу
ги користат услугите на гинеколог и дерматовенеролог во дневните
центри на ХЕРА (Младински центар „Сакам да знам“ – Водно и Младински
центар Шуто Оризари), услуги од социјалните работници, правна помош,
обезбедувањето кондоми и лубриканти, информации, едукации и советување
за прашања поврзани со превенција од ХИВ за сексуални работници, услуги
од психолог/психотерапевт, превенција и третман на сексуално преносливи
инфекции, можност за волонтирање и учество во развојот на движењето.
Ни се овозможува ХИВ тестирање, како и пред и пост советување за ХИВ
тестирање. – трансродова сексуална работничка.
Малку нешто да те боли, одма идеш на гинеколог. – сексуална работничка.
Како недостапни услуги ги наведоа услугите од специјалисти за инфективни
болести, хирург, специјалист по мамографија, уролог и ендокринолог, потоа
вакцинацијата, дијагнозата и третманот на вирусен хепатитис, како и социјалната
поддршка за прашања поврзани со ХИВ/СИДА. Во однос на прашањето: „Доколку
таквите услуги ви бидат понудени, дали би ги искористиле во наредната година?“,
сите учесници потврдија дека би ги користиле во текот на наредната година
доколку им се достапни. Воедно, истакнаа дека им е потребно и здравствено
осигурување, доколку истите услуги бидат овозможени во рамките на државните
институции. Со добивање на овие услуги, ќе се зголеми заштитата кај сексуалните
работници/чки од хепатитис Б и Ц, ќе се отвори можност за редовни прегледи кај
уролог (ова се однесува на машките сексуални работници) и ќе им биде овозможен
процесот на транзиција (ова се однесува на трансродовите сексуални работници).
11