ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 8
ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ
ВО ОДНОС НА ЗДРАВСТВЕНИ, СОЦИЈАЛНИ И ПРАВНИ УСЛУГИ
4. РЕЗУЛТАТИ
Во овој дел, претставени се наодите од истражувањето за проценка на
потребите на младите сексуални работници/чки во однос на здравствени,
социјални и правни услуги. Наодите се организирани во четири пошироки
теми: потребни услуги; достапност и пристап до услуги; пречки во пристапот
до услуги и мерки за подобрување на услугите и нивната достапност.
Пред да бидат опфатени четирите теми за дискусија, на учесниците им беше дадена
фокус вежба на која подетално беа објаснети различните услуги кои се нудат на
младите сексуални работници/чки во Македонија. Воедно, им беше овозможено
да ја разгледаат листата со услуги и да продискутираат дали ги разбираат или
препознаваат наведените услуги, кои од нив им се нудат, а кои услуги им недостасуваат.
На учесниците во дискусијата им беа претставени следниве услуги:
ХИВ тестирање;
Пред и пост советување за ХИВ тестирање;
Информации, едукација и советување за прашања поврзани со
превенција од ХИВ за сексуални работници/чки;
Услуги од медицински специјалисти (специјалист за инфективни
болести, дерматовенеролог, гинеколог, хирург, специјалист по
мамографија, уролог, ендокринолог);
Услуги од психолог, прихотерапевт;
Услуги од центри за сексуални работници/чки (услуги од социјален
работник, педагог);
Превенција и третман на сексуално преносливи инфекции (СПИ);
Обезбедување пристап до основниот пакет за превенција (кондоми
и лубриканти);
8