ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 7
Во работната дискусија која траеше 1 час, учествуваа различни профили сексуални
работници/чки кои моментално се занимаваат со сексуална работа на отворена
или затворена сцена во Скопје. Истите беа претходно мапирани од страна на
теренските работници од Здружението за поддршка на маргинализираните
работници – СТАР-СТАР.
За попрецизно формирање на општото мислење на заедницата сексуални
работници/чки за нивните потреби во однос на здравствената, социјалната и
правната помош, беше спроведена отворена дискусија стратификувана според
неколку карактеристики, вклучувајќи пол и род, возраст, етничка припадност и
место на живеење.
2.2 Прибирање и анализа на податоците
При ова истражување се користеше метод на интервју со фокус група
со претходно дефинирани прашања од отворен тип. Прашањата беа
структуирани на едноставен и јасен начин и приспособени на јазикот на
учесниците на дискусијата, со цел полесно да бидат разбрани. Со поставување
на секое прашање од претходно подготвена листа прашања, секој од
учесниците имаше можност да го искаже своето мислење или пак да го
сподели своето искуство во однос на потребите на сексуалните работници.
Дисксусијата беше водена од страна на претставници на СТАР-СТАР, фасилитатор
и асистент помошник фасилитатор. За целите на анализата беше направена
транскрипиција на снимениот материјал од разговорот помеѓу учесниците. Сите
учесници дадоа согласност за нивно вклучување во истражувањето. Откако беше
комплетирано собирањето податоци, авторите на истражувањето ги анализираа
податоците со цел да идентификуваат резултати и предизвици од истото.
Во спроведувањето и изготвувањето на ова истражување учествуваа:
3. ИСТРАЖУВАЧКИ ТИМ
Борче Божинов – координатор и автор на истражувањето;
Глигор Чанов – истражувач, квантитативна и квалитативна
обработка на податоци;
Ивана Ацевска – истражувач, транскриптор и автор на
истражувањето.
7