ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ОДНОС НА ЗДРА Проценка на потребите на младите сексуални работни | Page 6
ПРОЦЕНКА НА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ
ВО ОДНОС НА ЗДРАВСТВЕНИ, СОЦИЈАЛНИ И ПРАВНИ УСЛУГИ
1.2 Право на правна помош
Правните услуги се суштинска компонента од основните човекови права на
сексуалните работници/чки. Правната помош им овозможува на сексуалните
работници/чки да си ги бараат и да ги остваруваат своите права. Сексуалните
работници/чки имаат потреба од правна помош во однос на нивните
секојдневни правни проблеми, како што се застапување и поддршка во
случаи на насилство, физичко и психичко малтретирање пред институциите,
како и советување и застапување на сексуалните работници/чки во однос
на нивните права и барања. Сексуалните работници/чки кои се соочуваат
со насилство, најчесто бараат помош од правни лица ангажирани од страна
на граѓанските организации, кои ги водат низ целиот процес про-боно.
1.3 Право на социјална помош
Исполнување на правото на социјална помош претставува важен фактор за
секој човек да живее и работи во нормални услови. Лошите социо-економски
услови како што се ниското ниво на образование, сиромаштијата, немањето
право на паричен надоместок и домувањето играат голема улога во обликување
на здравјето и благосостојбата на сексуалните работници/чки. Сексуалните
работници/чки, особено оние кои работат на отворена сцена се соочуваат со
многубројни проблеми во својата работа, пред се поради тоа што работат во
небезбедни услови. Најчесто, сексуалните работници/чки пристапуваат до услуги
за социјална заштита преку граѓански организации, наместо да ги користат
социјалните услуги преку државните инститиуции, пред сé поради стравот,
дискриминацијата и социјалната исклученост на оваа маргинализирана група.
2.1 Примерок
2. МЕТОДОЛОГИЈА
За потребите на оваа студија се направи истражување кај помала група млади
сексуални работници/чки од 18 до 29 годишна возраст („млади сексуални
работници“ се однесува на сексуални работници/чки на возраст од 18 години
и повеќе, според упатствата утврдени во Конвенцијата на Обединети нации за
правата на детето) во однос на подобрување на пристапот до здравствените,
социјалните и правните услуги.Собирањето податоци се вршеше преку анализа
на дискусијата со фокус група која сочинуваше 12 сексуални работници/чки, од
кои 5 жени, 2 мажи и 5 трансродови лица. За време на работната дискусија, беа
обработени 4 сегменти: потребни услуги, достапност и пристап до услуги, пречки
во пристапот до услуги и мерки за подобрување на услугите и нивната достапност.
Секој од учесниците имаше можност отворено да дискутира на претходно
конструираните прашањата од секој сегмент со цел да се добие поконкретна
слика за тоа кои од услугите им се достапни и потребни на сексуалните
работници/чки, како да се подобрат услугите и што е тоа што им недостасува.
6